Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Во Валенсија спроведоа тест со четиридневна работна недела. Ова се заклучоците

admin 18/10/2023 00:00
picture-768-660x292-1

Четиридневната работна недела го подобри здравјето на работниците намалувајќи го нивниот стрес, истовремено намалувајќи ја и емисијата на штетни гасови и имаше корист за децата, покажа пилот-програмата спроведена во Валенсија, а претставена синоќа.

Валенсија, трет по големина во Шпанија со речиси 800 илјади жители, распореди локални празници да бидат во четири понеделници по ред, од 10 април до 7 мај оваа година. Во проектот учествуваа 360 илјади работници.

Голем број учесници ги користеа подолгите викенди за да се вклучат во здрави навики како што се вежбање, одмор и готвење домашно зготвени оброци, според независниот Комитет за здравство и општествени науки што ја оценуваше програмата.

Податоците покажуваат подобрувања во здравјето, пониски нивоа на стрес и подобри чувства за замор, среќа, расположение и лично задоволство.

Намалувањето на употребата на моторни возила во текот на четирите понеделници доведе до подобрување на квалитетот на воздухот, а се испушташе помалку азот диоксид, покажуваат градските мерења.

Негативната страна на програмата е што пушачите и алкохоличарите ја зголемија потрошувачката на тутун и алкохол.

Висок процент од испитаниците изјавиле дека повеќе читаат, учеле, гледале филмови и се занимавале со хоби како фотографија, музика и сликарство.

Четиридневната работна недела најмногу им користеше на децата, бидејќи повеќе време поминуваа со родителите.

Секторот за услуги и туризам имаше повеќе гости во тој период, но трговците забележаа пад на продажбата, а итните медицински служби беа преоптоварени, бидејќи повеќе здравствени работници земаа одмор, се вели во извештајот.

Проектот беше дизајниран од градската лева коалиција Компромис, сојуз на прогресивни, зелени и регионални партии. Социјалистичката влада на Шпанија минатата година започна сличен двегодишен проект фокусиран на малите и средни бизниси низ целата земја.

Continue Reading

Претходно: Најстудено на Попова Шапка, во Битола и Прилеп 9 степени
Следно: Спектакуларен концерт на Наташа Беквалац утре во Голд Фелициа

Поврзани вести

07.03.2026-63
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (07.03.2026)

Шеталиште 07/03/2026 18:25
TOM_7972
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (28.02.2026)

Шеталиште 28/02/2026 18:16
domati-2
  • Занимливости
  • Забава

Истражување: Научници во Кина создадоа нова сорта домати со мирис на пуканки

Шеталиште 24/02/2026 14:13
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа dsc_1520-1536x1133 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

12/03/2026 10:44
Денес се празнува Свети Агатангел Битолски sv-agatangel-594x460 2
  • Македонија

Денес се празнува Свети Агатангел Битолски

12/03/2026 10:21
Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“ 20260312102727_big_730x400_26 3
  • Македонија

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“

12/03/2026 10:16
Светот стравува од нафта од 200 долари: Нова енергетска криза на хоризонтот nafta-1 4
  • Економија

Светот стравува од нафта од 200 долари: Нова енергетска криза на хоризонтот

12/03/2026 08:52
Два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении, стапката на фертилитет во ЕУ 1,34, во Македонија 1,44 Bebe 5
  • Македонија

Два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении, стапката на фертилитет во ЕУ 1,34, во Македонија 1,44

12/03/2026 08:37

Можеби сте пропуштиле

dsc_1520-1536x1133
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

Димитар Петковски 12/03/2026 10:44
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (12.03.2026)

Шеталиште 12/03/2026 10:37
rakomet-vardar-pelister-1
  • Ракомет

Картите за дербито Е.Пелистер – Вардар од утре во продажба

Шеталиште 12/03/2026 10:22
sv-agatangel-594x460
  • Македонија

Денес се празнува Свети Агатангел Битолски

Шеталиште 12/03/2026 10:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани