Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Некатегоризирано

Во вторник на улица со барање за минималец од 500 евра

admin 01/01/1970 00:00

– Сега е 12 и пет минути, имајќи предвид дека пет до 12 часот помина тогаш кога владата одлучи еднострано да усвојува информација на штета на работниците на Македонија, неприфаќајќи други предлози за износот на минималната плата – истакна претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Според него, од платите на работниците кои плаќаат даноци, плати добиваат функционерите. – Ние ги плаќаме за жестоко да се борат со закани и уцени, откази и намалување на плати на наши активисти, со цел да направат друг репрезентативен синдикат на штета на работниците – кажа претседателот на ССМ и истакна дека не е намерата да се урне Владата, туку да им се покачат на работниците платите за да можат да живеат достоинствено

Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија одлучи да го повика членството на 2 април да излезе на протест на улица. Оттаму велат дека има засилени напади кон ССМ, но и кон другите синдикати кои членуваат во ССМ од страна на една политичка партија и од политички поставените директори.

– Сега е 12 и пет минути, имајќи предвид дека пет до 12 часот помина тогаш кога владата одлучи еднострано да усвојува информација на штета на работниците на Македонија не прифаќајќи други предлози за износот на минималната плата – истакна претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Тој истакна дека од платите на работниците кои плаќаат даноци плати добиваат функционерите.

– Ние ги плаќаме за жестоко да се борат со закани и уцени, откази и намалување на плати на наши активисти, со цел да направат друг репрезентативен синдикат на штета на работниците – кажа претседателот на ССМ и истакна дека не е намерата да се урне Владата, туку да им се покачат на работниците платите за да можат да живеат достоинствено.

Владата во вторникот усвои информација за нејзино зголемување за 1.800 денари во нето-износ, согласно законските критериуми. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, веднаш по таа одлука изјави дека првпат од 2012 година од кога е воведена минималната плата, Владата донела одлука за усогласување на минималната плата, без претставници на работниците и работодавачите, односно без Економско-социјален совет.

Од друга страна за заменик-министерот за економија Марјан Ристески, владината одлука е легитимна. Тој објасни дека висината на минималната плата е утврдена врз основа на податоци од Државниот завод за статистика, при што се земаат предвид 50% од просечната плата исплатена минатата година и 50% од индексот на трошоци, односно инфлацијата за претходната година.

ССМ ја оспори легитимноста на одлуката, посочувајќи на член 4, став 5 од Законот за минимална плата, според кој висината на минималната плата во бруто-износ треба да ја објави министерот за труд и социјална политика, по претходно мислење од Економско-социјалниот совет (ЕСС). Од синдикатот нагласуваат дека оваа процедура не била испочитувана, бидејќи не била одржана седница на ЕСС пред носењето на одлуката.

Седницата на ЕСС, која требаше да се одржи овој месец, е условена од претходното заседавање на Комисијата за репрезентативност, која треба да ја утврди репрезентативноста на ССМ, истечена минатата година. Засега, оваа седница сè уште не е одржана, но се очекува да се случи токму денеска. Комисијата ја сочинуваат претставници од трите социјални партнери – Владата, синдикатите и работодавачите.

Од Владата изјавија дека минималната плата за 2025 година ќе се зголеми за 2.685 денари во бруто-износ, односно за 1.812 денари во нето-износ. Синдикатите пак, побараа најниската плата да се зголеми за дополнителни 6.000 денари, со тоа што Владата би ја субвенционирала разликата за придонесите кој треба да ги плаќаат работодавачите. Тој предлог беше отфрлен од Владата.

Со платата од 395 евра, Македонија ќе остане со најнизок минималец во регионот, бидејќи сите останати соседи веќе ја зголемија или ќе ја зголемат речиси до 1.000 евра.

Извор

Continue Reading

Претходно: Како да се прилагодите на летното сметање на времето?
Следно: 075562156

Поврзани вести

Mickoski-Tivat
  • Некатегоризирано

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват

Шеталиште 05/06/2026 06:20
image-249416
  • Некатегоризирано

Денеска се празнува Благовештение на Пресвета Богородица – Благовец

Шеталиште 07/04/2026 06:10
venko-filipche
  • Некатегоризирано

Филипче ја презентира новата предлог-програма на СДСМ, предвидува нула корупција и зголемени плати и пензии

Шеталиште 27/03/2026 15:45
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови ispit-matura-702x336-1 1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

11/08/2026 12:08
Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија Ohrid6-1-scaled 2
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

11/08/2026 10:40
Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање c4-1024x1024 3
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

11/08/2026 10:39
ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец Screenshot_20260811_064042_Facebook 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

11/08/2026 07:44
Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11 Vakcinacija_deca_vo_germanija 5
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

11/08/2026 07:36

Можеби сте пропуштиле

ispit-matura-702x336-1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Шеталиште 11/08/2026 12:08
Ohrid6-1-scaled
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Шеталиште 11/08/2026 10:40
c4-1024x1024
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

Шеталиште 11/08/2026 10:39
Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани