КС Групација во чиј состав влегуваат компаниите Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт ќе организира нова крводарителска акција од отворен тип.
Крводарителската акција ќе се одржи во вторник на 11ти февруари од 9 до 13 часот во канцелариите на Евротип кои се наоѓаат на адреса Булевар Први Мај бр.344 (покрај реката Драгор) во Битола.
Се повикуваат сите вработени кои се дел од КС Групацијата како и сите хумани луѓе да дојдат и да даруваат од својата најдрагоцена течност која живот значи.