Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан
  • Вести

Во Косово од денеска еврото единствена валута, динарот целосно укинат

admin 01/02/2024 00:00
evro-moneti-1-750x430-2

Косовските власти потврдија дека од денеска ќе почне да се применува регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува плаќања во готовина и платежни трансакции исклучиво во евра, со преоден период за граѓаните да се приспособат на регулативата.

Според претходното соопштение на ЦБК, единствена дозволена валута на Косово ќе биде еврото, кое го исклучува динарот од платежните трансакции.

Практично, оваа одлука значи забрана за употреба на динарот, официјалната валута на Србија, која досега се користеше во сите мнозински српски општини на Косово.

Платниот систем на Србија продолжи да функционира во Косово дури и по војната во 1999 година во областите населени со мнозинство Срби, а динарите се во оптек преку Трезорот на Србија во продавници, српските институции, угостителството и другите приватни услужни дејности.

Во меѓувреме, Белград ги обвини властите во Приштина дека со оваа одлука се обидуваат да го откажат дијалогот и да го протераат српскиот народ од Косово, а српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека е убеден дека меѓународната заедница нема да го дозволи тоа.

Тој побара од Европската унија и меѓународната заедница да извршат притисок врз Приштина да ја повлече одлуката, а во меѓувреме, синоќа се сретна со амбасадорите на земјите од Квинтата – САД, Велика Британија, Италија, Германија и Франција. Но, по таа средба беше објавено дека „нема да има никакво соопштение“.

Вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими, пред тој состанок потврди дека примената на одлуката на ЦБК ќе почне денеска на 1 февруари и оти никој, па ни меѓународните партнери на Косово, не ја доведуваат во прашање законитоста на таа одлука.

Continue Reading

Претходно: Температури под нулата, еве во кои делови од Македонија е најстудено
Следно: Силен земјотрес ја погоди Австрија синоќа: Потреси почувствуваа Словенците и Хрватите

Поврзани вести

Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“
  • Вести
  • Битола инфо

Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“

Васка М.Младеновска 17/11/2026 14:08
Пронајдени две артилериски гранати кај Новаци
  • Вести
  • Македонија

Пронајдени две артилериски гранати кај Новаци

Васка М.Младеновска 17/11/2026 13:29
Градоначалникот Коњановски на работен состанок со менаџерите на „Бехтел и Енка“ за автопатот Прилеп-Битола
  • Вести
  • Битола инфо

Градоначалникот Коњановски на работен состанок со менаџерите на „Бехтел и Енка“ за автопатот Прилеп-Битола

Васка М.Младеновска 17/11/2026 12:54
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп FB_IMG_1794933387204 1
  • Прилеп инфо

Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп

17/11/2026 16:39
Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош large 2
  • Прилеп инфо

Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош

17/11/2026 16:35
Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп opstina-prilep-1 3
  • Прилеп инфо

Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп

17/11/2026 14:44
Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“ Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“ 4
  • Вести
  • Битола инфо

Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“

17/11/2026 14:08
Пронајдени две артилериски гранати кај Новаци Пронајдени две артилериски гранати кај Новаци 5
  • Вести
  • Македонија

Пронајдени две артилериски гранати кај Новаци

17/11/2026 13:29

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1794933387204
  • Прилеп инфо

Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп

Шеталиште 17/11/2026 16:39
large
  • Прилеп инфо

Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош

Шеталиште 17/11/2026 16:35
opstina-prilep-1
  • Прилеп инфо

Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп

Шеталиште 17/11/2026 14:44
Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“
  • Вести
  • Битола инфо

Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“

Васка М.Младеновска 17/11/2026 14:08

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани