Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Во Крушево почнуваат чествувањата за Илинден и 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република

admin 01/08/2023 00:00
krushevo-2-qa9a6q1jkldwgk2jf0pfnt9dmaq93rksrycjjp6n4w

Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вечер на Гумење во Крушево и официјално почнува чествувањето на големиот празник Илинден.

Годинава се одбележуваат 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република. На отворањето на манифестацијата ќе се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Во рамките на чествувањата за Илинден, делегација денеска во 10 часот ќе ја посети Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во Смилево, а пред споменикот на Дамјан Груев ќе положи свежи цвеќиња.

Пред отворањето на Манифестацијата, околу 19 часот, пред столбот на Крушевската Република во центарот на Крушево, крушевчани ќе ја пречекаат илинденската коњаница.

Пристигнуваат коњаници од повеќе места за потоа да бидат пречекани на Гумење.

Во чест на големиот илинденски јубилеј, Државниот архив пред Македониумот ќе ја отвори изложбата на документи и фотографии насловена „120 години Илинденското востание – архивска меморија“.
Делегација од Манифестацијата ќе им оддаде почит на: Веле Марков, пред неговата биста, на Питу Гули, на неговото вечно почивалиште на Гумење, на Тоше Проески, на Илинденските востаници пред криптата и на борците од НОБ на партизанските гробишта.

Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ нуди богата програма и целовечерен концерт на повеќе изведувачи.

Утре, на 2 август, на празникот, чествувањата во Крушево започнуваат изутрината од 9 часот.

Бројни делегации ќе се поклонат и ќе му оддадат почит на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев пред неговото вечно почивалиште во куполата од споменикот „Илинден“ на Гумење, во Македониумот.

Делегацијата на Собранието, кое е покровител на годинашниве чествувања, ќе ја предводи собранискиот спикер Талат Џафери.

Почит ќе им биде оддадена и на загинатите Илинденци пред споменикот во месноста „Слива“, а панихида за загинатите ќе се одржи во црквата „Свети Никола“.

Централното чествување за Илинден е од 11,30 часот на 2 август, на Мечкин Камен. На народниот собир на Мечкин Камен ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Continue Reading

Претходно: Воспитувач од Австралија злоставувал 91 дете, снимал и објавувал на интернет
Следно: Почина Ангус Клауд на 25 години, ѕвездата од серијата „Euphoria“

Поврзани вести

Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања Screenshot_20260813_070838_Chrome 1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

13/08/2026 05:10
Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови” IMG_5824 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

12/08/2026 19:10
Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре IMG_5820 3
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

12/08/2026 13:01
54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026 FB_IMG_1786534700001 4
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

12/08/2026 11:40
The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат FB_IMG_1786533114028 5
  • Прилеп инфо

The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат

12/08/2026 11:20

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
FB_IMG_1786534700001
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

Димитар Петковски 12/08/2026 11:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани