Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Театар

Во месец септември Битолскиот театар со гостувања на повеќе фестивали

Шеталиште 29/08/2025 06:42
IMG_8408

Во месец септември претставите на Народниот театар Битола ќе се одиграат на повеќе фестивали низ Македонија и публиката ќе има можност да ги погледне следните претстави: „Фетишист“, на 9.септември ќе гостува на Фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, а на истиот фестивал на 12.септември ќе биде прикажана претставата „Ричард III“. „Снежана и седумте џуџиња“на 13.септември ќе биде изведена на Театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“во Штип, а на 16.септември на Театарскиот фестивал за деца, „Силјан штркот“ во Прилеп.

Претставата „Фетишист“ е направена по делото на Мишел Турние, а во режија и изведба на актерот Здравко Стојмиров.

Истата има за цел да ни ја претстави извртената реалност на еден живот што бивајќи свртен наопаку, поради тешките услови од војните од минатото, личните неуспешни борби, притисокот од општествените вредности и наметнатата реалност- ни ја прикажува единствената можност за постоење на еден човек, кој иако изгубен во реалноста, одлично живее во својот замислен свет и успева да најде задоволство во живеењето, каде самиот се обидува да ја создаде својата среќа и покрај сите непријатности кои го следат. Музиката за претставата ја направи Пеце Трајковски Брада. За оваа претстава на 23-то издание на Интернационалниот театарски фестивал во Ресен, актерот Стојмиров ја доби наградата Актер на Европа за годишно остварување. Истата беше изведена на јубилејното 25.  издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.

,,Ричард III“ е по делото на В. Шекспир, во режија на Мартин Мирчевски.

„Во секој од нас постои некаков Ричард. Се поставуваат прашањата: зошто ние како луѓе имаме толку самоуништувачки нагон, сопствениот вид да го сотреме, дали постои некаде во природата некое друго суштество што толку има потреба себеси да се самоуништи? Ние всушност не живееме, ние преживуваме“, вели Мирчевски. Претставата пренесува порака дека мора да направиме некаков чекор, да се бориме за својата слобода, потполна слобода како луѓе да одлучуваме. Треба да размислиме дали таа темна и светла страна во нас е вродена или се учи во текот на животот. Во претставата играат: Мартин Мирчевски, Илина Чоревска, Маја Андоновска-Илијевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Марија Стефановска, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Кристијан Танчевски. Преводот го направи Драги Михајловски, адаптација и режија Мартин Мирчевски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографија Андреј Ѓоргиевски – Папаз.

„Снежана и седумте џуџиња“ го отвори јубилејното издание на „Македонско културно лето“, во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“. Претставата е по текст на Љубивое Ршумовиќ, но се употребени и референци од бајките на браќата Грим, во режија на Драгана Милошевски Попова, драматург Билјана Крајчевска, сценографија Валентин Светозарев, костимограф Андреј Ѓоргиевски, композитор Марјан Неќак, кореограф Игор Киров. Ова е претстава и за децата и за возрасните. Во театарската изведба на ,,Снежана и седумте џуџиња“, публиката е сведок на борбата помеѓу доброто и злото, преплетена со хумор, емоции и музика . Улогата на Снежана ја игра Ана Грамосли, а останатите улоги: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска Дранговска, Борче Ѓаковски, Никола Пројчевски, Маријан Ѓоргиевски, Живко Борисовски, Александар Димитровски, Петар Спировски, Александар Копања и Марија Стефановска.

Претставата чија премиера беше под отворено небо, до и на Ротинското езеро, „Рибарски караници“, е во режија на Јован Ристовски.

„ Ова е храбра претстава и иако е како театарски жанр комедија, е и сатира во некои сцени. Ликовите без разлика што се случува меѓу нив, на крај наоѓаат едно меѓусебно човечко разбирање кое треба да покаже дека таа љубов и емпатија меѓу народот недостасува“, истакнува Ристовски.

Улогите ги толкуваат: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Моше, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска и Марија Стефановска. Драматург на претставата е Билјана Крајчевска, сценографијата е на Валентин Светозарев, костими Андреј Ѓоргиевски, композитор на музика Александар Димовски, продуцент Димитар Михајловски. Режисерот заедно со актерите го направија препевот на овој текст, и се зборува на дијалекти од западна, источна, југозападна Македонија.

На 22.09 оваа претстава ќе биде изведена на сцената на Битолскиот театар.

Continue Reading

Претходно: Сончево и топло со температура до 37 степени, за викендот нестабилно со локален пороен дожд
Следно: Официјално: Елмас се враќа во Наполи

Поврзани вести

edmond-44-2048x1365-1
  • Театар

„Едмонд“ на Битолскиот театар влезе во официјалната програма на „Војдан Чернодрински“

Шеталиште 07/05/2026 11:04
678233831_122211181358051791_460780421566457342_n
  • Култура
  • Театар

Комедијата „Секстет“ – нова премиера на Народен театар Битола

Шеталиште 23/04/2026 13:30
ziveti_JakaVarmuz_2026-31
  • Култура
  • Театар

Премиера на две Чехови едночинки во Словенија во режија на Марјан Неќак

Шеталиште 11/03/2026 14:14
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола FB_IMG_1778351840865 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

09/05/2026 18:32
Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена Aerodrom-skopje 2
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

09/05/2026 12:40
Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид! FB_IMG_1778329156202 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

09/05/2026 12:26
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски sv-vasilij 4
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

09/05/2026 09:10
Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

09/05/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Shetalishte-81
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:47
DSC_1038
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:18
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани