Градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски, потпиша договор за набавка на висококвалитетни прочистувачи за воздух, кои ќе бидат поставени во сите основни училишта на територијата на општината.
Со оваа мерка, општина Могила прави значаен чекор кон обезбедување чиста и здрава средина за учениците, намалување на ризиците од астма, алергии и респираторни инфекции, како и елиминирање на ПМ-честичките, прашината, поленот и бактериите во училишните простории.
„Ова не е само техничка инвестиција, ова е вложување во здравјето, благосостојбата и иднината на нашите деца. Искрено им благодарам на генералниот секретар Игор Јанушев и премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и визијата за подобро утре“, напиша на Фејсбук градоначалникот Саботковски.
Општина Могила останува цврсто посветена на создавање здрави и безбедни услови за раст и развој на секое дете, како дел од пошироката стратегија за подобрување на образовната и животната средина во локалната заедница.
Фото: Драганчо Саботковски (Фејсбук)

