Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Во петок започнува традиционалниот Вевчански карневал

admin 09/01/2024 00:00
MOF_7274-min-1078x516-1

Во петок (12 јануари) од 20 часот започнува традиционалниот Вевчански карневал кој претставува едно од главните обележја на Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица.

„Со векови наназад се провлекува ова чествување на празникот каде Вевчанци се маскираат во очи на дочекот на Нова година по стариот календар. Покрај традиционалните маски на Глупи Август, зетот и невестата секоја година се наоѓаат маски кои директно ја исмеваат или презентираат дадената ситуација или личност која ја одбележаа минатата година“, посочија организаторите на денешната прес-конференција во Скопје.

Вевчанскиот карневал кој трае од 12 до 14 јануари вклучува и музичка програма, а организаторите посочија дека за време на карневалските денови ќе настапат „Јанг Дади“, Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Наум Петрески со Фолк мерак Лајф, како и локалните музичари Перо Бели и Коки Биоритам, но и Оркестарот со зурли и тапани – Вевчани.

„Сето ова е само надополнување на главниот настан на карневалот, дефилето на маските кое се случува на 13-ти јануари во попладневните часови. Тогаш цело Вевчани станува еден голем театар на отворено и сета енергија на василичарите се впива во преубава атмосфера“, велат организаторите.

Карневалот завршува на 14 јануари каде со василичарско оро и палење на маските се става крај на настанот кој се организира со векови.

Извор: РМОФ

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (09.01.2024)
Следно: Објектот на поранешното кино „Партизан“ во Битола ќе прерасне во современ мултифункционален центар

Поврзани вести

20260813094834_big_730x400_61
  • Македонија

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август

Шеталиште 13/08/2026 09:09
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска се слави Свети Евдоким

Шеталиште 13/08/2026 08:23
nevreme
  • Македонија

Променливо облачно време со локални невремиња, температурите до 37 степени

Шеталиште 13/08/2026 08:22
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август 20260813094834_big_730x400_61 1
  • Македонија

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август

13/08/2026 09:09
Евровизија воведува нови правила за државата победник во 2027 година 20260813092004_big_730x400_99 2
  • Свет

Евровизија воведува нови правила за државата победник во 2027 година

13/08/2026 09:04
Денеска се слави Свети Евдоким Svekji-Crkva-2_1000x666-1 3
  • Македонија

Денеска се слави Свети Евдоким

13/08/2026 08:23
Променливо облачно време со локални невремиња, температурите до 37 степени nevreme 4
  • Македонија

Променливо облачно време со локални невремиња, температурите до 37 степени

13/08/2026 08:22
Жена од прилепско натепана од невенчаниот сопруг и неговиот брат policija-8 5
  • Прилеп инфо

Жена од прилепско натепана од невенчаниот сопруг и неговиот брат

13/08/2026 08:20

Можеби сте пропуштиле

20260813094834_big_730x400_61
  • Македонија

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август

Шеталиште 13/08/2026 09:09
20260813092004_big_730x400_99
  • Свет

Евровизија воведува нови правила за државата победник во 2027 година

Шеталиште 13/08/2026 09:04
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска се слави Свети Евдоким

Шеталиште 13/08/2026 08:23
nevreme
  • Македонија

Променливо облачно време со локални невремиња, температурите до 37 степени

Шеталиште 13/08/2026 08:22

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани