Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

eko-svest-digitalen-reklamen-baner-ODBRAN-ZA-PRAKANJE
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот

Шеталиште 20/10/2025 14:34
karta-skopje

Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот. Мнозинство советници ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат во општина Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Интересно е тоа што во Општина Сарај во прв круг победи Мухамет Елмази од ВРЕДИ, додека мнозинство во советот ќе има НАИ.

Во Советот на Општина Аеродром, според обработени 99,90% од гласовите, мнозинство ќе има ВМРО-ДПМНЕ со 15 советници. Во 27 члениот совет, Левица влегува со  шест советници, СДСМ со пет и ЗНАМ со еден.

Во Аеродром е извесен втор изборен круг, каде што кандидатот Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 49,09% од гласовите, пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, кој има 20,79%.

Во Советот на Општина Бутел, според 100% обработени гласови, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство со 10 советници. Во 19 члениот совет на Општина Бутел влегуваат и четири советници до НАИ, три од Коалицијата ВРЕДИ и по еден од СДСМ и Левица.

Во Бутел, во прв круг победи досегашниот градоначалник Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 52,96% пред Исамедин Азизи од НАИ со 28,17 проценти.

Во Советот на Општина Гази Баба, според 100% обработени глаови, мнозинство ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 17 советници. Во 27 члениот совет, влегуваат и по четири советници од СДСМ и Левица и по еден од НАИ и Коалицијата Вреди.

И во Гази Баба, досегашниот градоначалник Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг со 58,42%, пред  Влатко Митовски од СДСМ со 18,00%.

Во Советот на Општина Ѓорче Петров, според 100% обработени гласови мнозинство ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 14 советници. Во 23 члениот совет, влегуваат и по четири советници од СДСМ и Левица и еден советник од ЗНАМ.

Кандидатот Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ со 55,73% повторно е избран за градоначалник на Ѓорче Петров, а неговиот противкандидат од СДСМ, Костадин Ацевски, освои 18,37%.

Во Советот на Општина Карпош, според 100% обработени гласови, најмногу советници ќе има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – 11, а во 27 члениот совет место имаат и по четири советници од Коалицијата „Искуство за успех“, СДСМ и Левица, тројца независни и еден од ЗНАМ.

Во Карпош ќе има втор груг. Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ освои 34,51%, пред Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 29,40%.

Во Советот на Општина Кисела Вода, според 100% обработени гласови, мнозинство ќе има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 17 советници. Во 27 члениот совет, место ќе имаат и пет советници од Левица, четири од СДСМ и еден од ЗНАМ.

Во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ е избрана во првиот круг со поддршка од 57,36%, пред Јане Ацевски од Левица кој има 16,81%.

Во 23 члениот Совет на Општина Центар, според 100% обработени гласови, најмногу советници ќе има СДСМ со осум места, потоа ВМРО-ДПМНЕ со седум, Левица – 3, ЗНАМ – 2, еден од Коалиција „Зелена иднина“ и двајца независни.

Во Центар, градоначалник ќе се бира во во вториот круг, а ќе се гласа за Горан Герасимовски од СДСМ со 38,21% и за Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ кој освои 25,53%.

Во Советот на Општина Сарај, според 100% од обработените гласови, мнозинство ќе има НАИ. Останатите девет советниви во 19 члениот совет се од Коалицијата Вреди.

Во Сарај, во прв круг победи Мухамет Елмази од ВРЕДИ со 50,28%, пред Блерант Рамадани од НАИ со 47,55%.

Во Советот на Општина Чаир, според 99,69% обработени гласови, мнозинство ќе има Коалицијата ВРЕДИ со 14 советници. Во 27 члениот совет, место ќе имаат и 11 советници од НАИ и по еден од ВМРО-ДПМНЕ и ДП на Турците.

Изет Меџити од ВРЕДИ ќе биде нов градоначалник на Чаир со поддршка од 51,82%, додека Бујар Османи од НАИ ОСВОИ 40,39%.

Во 19 члениот Совет на Општина Шуто Оризари, според 100% обработени гласови, најмногу советници ќе има Унија на Роми со шест места. Вреди и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат по четири советници, НАИ три и по еден од Сојуз на Роми и Демократски сили на Ромите.

Во Шуто Оризари, во втор круг одат Курто Дудуш од Унија на Роми со 36,57% и Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 20,69%.

Фото: МИА архива

Continue Reading

Претходно: Ѓорѓиевски: Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење
Следно: СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот пад на поддршката за вашата Влада

Поврзани вести

dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со Скопје и 54 општини, ВРЕДИ со 9, СДСМ 6, НАИ 4, ЗНАМ и УР по 1, а во една независен кандидат

Шеталиште 03/11/2025 14:56
Gradonacalnicki-zeni
  • Локални избори 2025

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025

Шеталиште 03/11/2025 14:55
1761041924265735
300-x-250
Untitled design (11)
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Untitled_design_1

Тренд Вести

Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф Screenshot_20251117_211921_Facebook 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф

17/11/2025 20:19
Санација на главниот пат во Новаци во пресрет на зимата 581942546_861911069678442_8545183690636481806_n 2
  • Вести
  • Македонија

Санација на главниот пат во Новаци во пресрет на зимата

17/11/2025 16:15
УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер dozd 3
  • Вести
  • Македонија

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер

17/11/2025 16:05
Нови броеви од списанието „Современи дијалози“ во издаваштво на МНД-Битола Sovremeni-Dijalozi 4
  • Вести
  • Битола инфо

Нови броеви од списанието „Современи дијалози“ во издаваштво на МНД-Битола

17/11/2025 16:04
Адеми: Реалниот победник на овие локални избори е ВМРО-ДПМНЕ, Конгресот на ДУИ ќе се одржи до 20 декември Arbr-Ademi 5
  • Вести
  • Македонија

Адеми: Реалниот победник на овие локални избори е ВМРО-ДПМНЕ, Конгресот на ДУИ ќе се одржи до 20 декември

17/11/2025 16:02

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20251117_211921_Facebook
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф

Димитар Петковски 17/11/2025 20:19
581942546_861911069678442_8545183690636481806_n
  • Вести
  • Македонија

Санација на главниот пат во Новаци во пресрет на зимата

Шеталиште 17/11/2025 16:15
dozd
  • Вести
  • Македонија

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер

Шеталиште 17/11/2025 16:05
Sovremeni-Dijalozi
  • Вести
  • Битола инфо

Нови броеви од списанието „Современи дијалози“ во издаваштво на МНД-Битола

Шеталиште 17/11/2025 16:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани