Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Во прилепскиот Суд почна подготвителна постапка за убиеното 14-годишно момче

admin 08/03/2024 00:00
sud-1

Во Судот во Прилеп денеска почна подготвителна постапка за случајот со убиството на 14-годишното момче, што се случи пред една недела во центарот на Прилеп.

Како што информираат од Судот, во тек е постапка по поднесено барање на Основното јавно обвнинителство за спроведување подготвителна постапка спрема детето Х.М., за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело „убиство“.

-Постапката е тајна. Судијата за деца презема истражни дејствија по предлог на Основното јавно обвнинителство, и тоа: сослушување сведоци, сослушување на оштетените, на детето кое го извршило убиството, вештачење, информираат од прилепскиот Основен суд.

Пред судијата за деца исказ денеска дадоа таткото на убиеното момче и сведок во случајот, а утре исказ треба да даде малолетникот кој го изврши убиството. Обвинителството побара психијатриско вештачење на 15-годишникот кој го изврши убиството.

Според неговиот бранител, не станува збор за убиство со премисла, туку за чин во состојба на афект или силна разразнетост.

-Обвинителството има поднесено предлог да се изврши психијатриско вештачење за пресметливоста на малолетникот, но и во поглед на неговата психичка состојба. Утре ќе биде сослушан, но не знам каква ќе биде неговата изјава пред судијата за деца, изјави неговиот адвокат на малолетникот кој го изврши убиството.

Според адвокатот, нема мотив, ниту премисла за убиството.

-Според сегашните докази, делото е извршено во состојба на афект или силна раздразнетост. Но нема мотив, вели адвокатот.

Адвокатот објаснува дека малолетникот во притвор може да остане до 90 дена, а за тоа време треба да заврши судската постапка. Според законот, не може да добие затворска казна како кај полнолетните лица, туку казната е со алтернативни мерки или во институции, најмногу до пет години.

Откако ќе се собере доказниот материјал се враќа во Обвинителството каде се подготвува обвинителниот акт.

Трагичниот настан се случи на 29 февруари, околу 19 часот. Во влезот на прилепската зграда позната „деветтокатница“ момчето било физички нападнато и избодено. Успеало да побегне на булеварот, но паднало без знаци на живот пренесува Макпрес.

Continue Reading

Претходно: Денеска се одбележува 8ми март – светскиот ден на борбата на жените за родова рамноправност
Следно: СВР Битола: 72 санкционирани возачи за брзо возење

Поврзани вести

IMG_3256
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

Шеталиште 07/05/2026 20:24
IMG-889265e5640e1769ee32c3979bf350e6-V
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961!

Димитар Петковски 07/05/2026 20:12
Screenshot_20260507_105712_Gallery
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер не ја продолжи победничката серија, поразен од МЗТ во првиот полуфинален натпревар

Димитар Петковски 07/05/2026 08:55
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Соопштение од училиштето ООУ “Стив Наумов” од Битола за заканите од ученик bitola-1536x666 1
  • Битола инфо

Соопштение од училиштето ООУ “Стив Наумов” од Битола за заканите од ученик

08/05/2026 09:19
Клиничка болница Битола со нов DEXA апарат – модерна дијагностика за остеопороза 690671041_122167089866954245_6795181175238060696_n 2
  • Битола инфо

Клиничка болница Битола со нов DEXA апарат – модерна дијагностика за остеопороза

08/05/2026 08:39
Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко 08-050 3
  • Македонија

Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко

08/05/2026 06:41
Денеска облачно време со врнежи од дожд dozd-cador-1 4
  • Македонија

Денеска облачно време со врнежи од дожд

08/05/2026 06:39
30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ IMG_3256 5
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

07/05/2026 20:24

Можеби сте пропуштиле

bitola-1536x666
  • Битола инфо

Соопштение од училиштето ООУ “Стив Наумов” од Битола за заканите од ученик

Шеталиште 08/05/2026 09:19
690671041_122167089866954245_6795181175238060696_n
  • Битола инфо

Клиничка болница Битола со нов DEXA апарат – модерна дијагностика за остеопороза

Шеталиште 08/05/2026 08:39
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (08.05.2026)

Шеталиште 08/05/2026 06:43
08-050
  • Македонија

Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко

Шеталиште 08/05/2026 06:41

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани