Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Театар

Во Прилеп е затворен јубилејниот МТФ „Војдан Чернодрински“

Шеталиште 13/06/2026 07:11
Vojdan-Cernodrinski-2026-zatvoranje-foto-mia

Со доделувањео на наградите на најдобрите тетарски остварувања и со претставата во чест на нагрдените, „Црно  злато“ по текст на Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрлиќ, а во изведба на Београдско драмско позориште синоќа на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенов“  во Прилеп заврши јубилејното, 60 издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Најдобрата претстава во целина која ја понесе статуетката на Војдан Чернодрински е претставата на МНТ „Страв и надеж“ од Франц Ксавер Крец, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат.

Според дел од наградените актери, наградите се голем предизвик.

Димитар Ѓорѓиевски за улогата во претставата на прилепскиот театар „Црнила“, е  добитник на наградата за најдобра машка главна улога,  која од годинава го носи името на еден од најголемите театарски уметници Кирил Ристоски.

-Искрено, не ја очекував наградата. Многу сум возбуден што наградата од годинава го носи името на еден од моите идоли во театарот- Кирил Ристоски. Ми беше ментор, пријател, другар, соборец. Значењето на наградата трипати се зголемува. Наградата е поттик и сигурно ќе ми прави дополнителен притисок кој мора да се оправда. Пред публиката, пред колегите, а најмногу пред себе си, рече Ѓорѓиевски.

Александар Степанулески кој ја понесе наградата за најдобра машка епизодна улога „Димче Трајковски“ од претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар рече дека ова му е трета фестивалска награда.

-На фестивалот ми е трета награда. Наградата значи признание за сето што сум го сработил. Прекрасно е чувството, нагласи Степанулески

Јеткин Сезеир, добитник на наградата за најдобар млад актер „Трајко Чоревски“ од претставата „Амадеус“ на Турски театар е среќен за добивањето на првата фестивалска награда.

-Чест ми е што ја добив оваа награда. Прва награда ми е на Фестивалот кој ни е навистина битен за цела Македонија, рече Сезеир.

Обраќајќи се пред публиката во Прилеп на затворањето на Фестивалот, директорката Ана Стојаноска потсети дека по четиригодишниот мандат во кој го спроведе проектот „Враќање дома“ се заблагодари на фестивалскиот тим и нагласи дека Фестивалот достоинствено го одбележа 60-годишниот јубилеј.

-Решив да ја креирам мојата слика за театарски фестивал која ќе биде современа, храбра и која ќе оствари комуникација со сите гледачи, независно на која возрасна или која и да е групата на која ѝ припаѓаат. И еве, четири години до денес, фестивалот стана мојата препознатлива слика, местото каде што живее театарот во јуни и театарските уметници и публиката, рече Стојаноска.

Во чест на наградените, публиката во Прилеп, ексклузивно, имаше можност да ја види претставата на Београдско драмско позориште „Црно злато“ во режија на Оливер Фрлиќ, по најновиот текст на македонскиот драмски автор Дејан Дуковски. Поставувањето на овој текст во Македонија се очекува наесен во МНТ во режија на Слободан Унковски.

–Многу ми е драг фестивалот. Мило ми е што текстот „Црно злато“ се игра првпат токму на фестивалот по праизведбата во Белград во режија на Оливер Фрлиќ. Сметам дека состојбите во општеството секако се одразуваат во културата и во театарот, рече авторот Дејан Дуковски кој со задоволство го следеше јубилејниот македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ каде беше „Автор во фокусот“ кој синоќа заврши во Прилеп пренесува независен.

Continue Reading

Претходно: ФК Пелистер почнува со Камјани и завршува со Тетекс во првиот дел од ВМФЛ во сезона 2026/2027
Следно: Денеска се слави Светиот апостол Ерма кој од Ангел Божји доби 12 заповеди

Поврзани вести

festival-prilep
  • Вести
  • Култура
  • Прилеп инфо
  • Театар

Во Прилеп почнува 60 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Шеталиште 05/06/2026 06:22
20260603102332_big_730x400_89
  • Театар

Народен театар Битола гостува во Романија

Шеталиште 03/06/2026 08:39
mtf-poster-datumi-1-1
  • Настани
  • Театар

Онлајн продажба на билетите за МТФ „Чернодрински“ од 28 мај, физичка – од 1 јуни

Шеталиште 27/05/2026 11:13
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола FB_IMG_1784100985560 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

15/07/2026 08:55
Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени 20260715093147 2
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

15/07/2026 07:57
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата image-255811 3
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

15/07/2026 07:48
Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна FotoJet-2026-07-14T152445.168 4
  • Македонија

Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна

15/07/2026 07:45
Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола voz6-696x408-1 5
  • Македонија

Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола

15/07/2026 07:41

Можеби сте пропуштиле

IMG_5245
  • Култура
  • Настани

Ансамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвора јубилејниот Локум фест во Битола

Шеталиште 15/07/2026 11:45
FB_IMG_1784100985560
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

Димитар Петковски 15/07/2026 08:55
20260715093147
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

Шеталиште 15/07/2026 07:57
image-255811
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

Шеталиште 15/07/2026 07:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани