Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Во Прилеп завршува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Шеталиште 13/06/2025 10:12
498016744_1222309589591522_8662153101769934856_n-1

Со доделување на наградите и со претставата „Вистината“ на Театар Комедија“ во чест на наградените, вечер во Прилеп ќе заврши 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој почна на 6 јуни.

Жири-комисијата во состав Нела Оташевиќ од Црна Гора, Лилија Абаџиева од Бугарија и Иван Меденица од Србија денеска напладне ќе соопшти која од претставите на македонските театри е најдобра на годинашново фестивалско издание.

Во трката за награди се девет претстави. Публиката ги виде: „12“ на МНТ, „Црно семе“ на Битолскиот театар, „Сите прекрасни нешта“ на Штипскиот, претставата „Ричард Трети“ на Албанскиот театар-Скопје, „Парови“ на Драмски театар-Скопје, „Бура“ на Прилепскиот театар, претставата „Рацин“ на Велешкиот театар, „Пар распар“ на Театар Комедија и претставата „Слепци“ на Турски театар-Скопје.

Синоќа, веднаш по одигрувањето на претставите на Театар Комедија и на Турскиот театар-Скопје, се одржаа и разговорите на тркалезната маса за овие претстави кои донесоа нови естетски и сценски доживувања за публиката која сите претстави на Фестивалот ги гледаше со огромно внимание и во полни сали.

Фестивалот годинава донесе и пет претстави во независната продукција, Детска зона, промоции, разговори меѓу режисерите, актерите и сите театарски дејци во „Драмолетање“, како и „Прилеп во фокусот“ преку „Музеј во движење“ за драмскиот автор Благоја Ристески Платнар и актерите Кирил Ристоски и Благоја Спиркоски Џумерко.

Годинашниов Фестивал се одржуваше под мотото „Смеј се и осмели се“. Свеченото затворање на Фестивалот е вечер од 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Continue Reading

Претходно: Утре започнува уписот во средно образование во учебната 2025-2026 година
Следно: Кога инфлацијата ти чука на врата, а Excel табелите ти изгледаат како хиероглифи

Поврзани вести

616819276_1449035976790161_6446493017285165174_n
  • Прилеп инфо

Трипуновски: Секоја откупна компанија ќе има отворен откупен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари

Шеталиште 20/01/2026 14:33
tripunovski-1-1-860x484
  • Прилеп инфо

Трипуновски ќе посети неколку откупни пунктови за тутун во Прилеп

Шеталиште 20/01/2026 11:22
Centar za javno zdravje - Prilep
  • Вести
  • Прилеп инфо

Зголемени бројки на заболени од грип во Прилеп, но состојбата не е алармантна

Шеталиште 19/01/2026 13:51
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Собранието денеска се очекува да даде „зелено светло“ за „Безбеден град“ – еве кои прекршоци први ќе се казнуваат policija-1 1
  • Македонија

Собранието денеска се очекува да даде „зелено светло“ за „Безбеден град“ – еве кои прекршоци први ќе се казнуваат

23/01/2026 09:00
Возете внимателно: Има густа магла на повеќе патни правци, видливоста е намалена на 40м magla-1 2
  • Македонија

Возете внимателно: Има густа магла на повеќе патни правци, видливоста е намалена на 40м

23/01/2026 08:16
Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото) FB_IMG_1769096350720 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

22/01/2026 15:39
Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет fzom-1 4
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

22/01/2026 14:23
Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026 20260122141634_big_730x400_44 5
  • Македонија

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026

22/01/2026 13:21

Можеби сте пропуштиле

naslovna
  • Промо

MINT Финтек Групација со над 3 милиони денари поддршка за заедницата во 2025 година

Шеталиште 23/01/2026 09:40
policija-1
  • Македонија

Собранието денеска се очекува да даде „зелено светло“ за „Безбеден град“ – еве кои прекршоци први ќе се казнуваат

Шеталиште 23/01/2026 09:00
magla-1
  • Македонија

Возете внимателно: Има густа магла на повеќе патни правци, видливоста е намалена на 40м

Шеталиште 23/01/2026 08:16
FB_IMG_1769096350720
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

Димитар Петковски 22/01/2026 15:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани