Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Во Прилеп одбележан патрониот празник Свети Никола

admin 19/12/2023 00:00
prilep-sveti-nikola

Со благослови, добра мисла и желби за здравје и да се одржуваат традициите, прилепчани на посна трпеза во центарот на градот ја одбележаа градската слава и оддадоа почит на светецот-заштитник на Прилеп – Свети Никола.

Прославата започна изутрината со света архиерејска литургија во прилепската црква „Свето Благовештение“ и со литија. Со богослужбата чиноначалствуваше владиката Петар. Централното чествување беше пред Параклисот посветен на светецот-заштитник во центарот на Прилеп.

– Го почитуваме и го славиме големиот светец, Свети Никола миликијски кој не се откажувал, и покрај маките на кои бил изложен, од правдата за онеправданите. Прилепчани имаат голема почит за светецот и треба да се угледаме на неговите големи дела. Пред се, да се вратат моралните вредности, порача владиката Петар.

Според прилепскиот градоначалник Борче Ристески прославата на Свети Никола е дел од традициите кои градот ги негува.

-„Свети Никола“ е посебен ден и добар патоказ за да се чуваат корените, особено кога ќе се земе предвид дека Свети Никола е заштитник на сиромашниоте, на немоќните, на морепловците. Традицијата е идентитет на секоја држава, а нас како прилепчани нѐ прави горди токму чувањето и негувањето на витинските вредности, верата, традицијата и историјата, им порача Јовчески на прилепчани.

Годинашниов домаќин, компанијата „комфи Ангел“ ги покани прилепчани на посна трпеза поставена на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот.

-Компанијата по вторпат е домаќин на прославата на градската слава и тоа е голема чест. Многу е битно да се зачуваат вредностите на кои нѐ учи светецот заштитник – Свети Никола. За многугодини да е градската слава и со добра мисла да пречекаме нова, поинаква и посреќна година за сите, рече Ирена Јакимоска, сопсвеник на компанијата „Комфи Ангел“.

Прилепчани нагласија дека оваа традиција е убава и треба да се зачува, а на младите да им се укаже на чувањето на вредносите.

Годинава, организирано градската слава „Свети Никола“ во Прилеп се прослави по 18-ти пат. Востановена е во 2006 година. Во 2008 година Прилеп влезе во Гинисовата книга на рекорди со приготвени 80 191 мала посна сарма што е дел од посната трпеза за прославата на празникот.

В година, домаќин на прославата на градската слава е локалната самоуправа на Прилеп.

Continue Reading

Претходно: „Jingle Bells Symphony“ ги стопли срцата на посетителите – Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола направија предновогодишен музички спектакл
Следно: Зимата пристигна според календарот! Најкраткиот ден и најдолгата ноќ во годината се пред нас

Поврзани вести

20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30
Screenshot_20260807_071348_Instagram
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

“Бродмедоу Меџик” обезбеди историски пласман во Австралиското првенство

Димитар Петковски 07/08/2026 05:17
makedonski-kadeti
  • Вести
  • Балкан
  • Кошарка
  • Спорт

Македонските кадети против Кипар сакаат победнички да го отворат европскиот собир (Линк за живо)

Димитар Петковски 06/08/2026 14:05
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани