Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Култура
  • Прилеп инфо
  • Театар

Во Прилеп почнува 60 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Шеталиште 05/06/2026 06:22
festival-prilep

Со претставата „Мачкина глава на Драмски театар од Скопје и со доделувањето на наградите за животно дело, вечер во Прилеп ќе биде отворен јубилениот, 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

На јубилејното отворање на Фестивалот, од 19 часот ќе му претходи изложбата  „60 години театарска меморија“ што ќе опфати патека на театарот од првите почетоци во 1965 година до денес.

– За отворањето на годинашниов, јубилеен 60-ти Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, пред официјалниот почеток на претставите, замисливме една изложба која ќе биде своевиден времеплов- 60 години на Фестивалот „Војдан Чернодрински“.Почетокот на патеката е токму од пред зградата на прилепскиот народен театар, изложбата е хибридна – и дигитална и аналогна, во духот на „Храбриот нов театар“ (тоа е мотото на годинашниов Фестивал). Ќе презентираме артефакти од историјата на фестивалот на пет точки низ градот. Првата е тука, пред народниот театар, втората е Музејот на икони, третата е пред Градскиот саат, четвртата е пред познатите Реклами во центарот на Прилеп и завршуваме пред центарот за култура „Марко Цепенков“. Таа своевидна изложба ќе биде раскажување на историјата на Фестивалот, со актери кои ќе имаат функција да ѝ го доближат на публиката  сето она што било во минатото и да овозможат пренос кон иднината, објаснува Стојаноска.

Во 20 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“  ќе бидат доделени наградите за животно дело на театарските уметници: Атила Клинче, Сашо Миленковски, Љубомир Чадиковски и Веби Керими.

Потоа е првата од 10- те претстави во конкуренцијата за награди: „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје.

-Прилеп и прилепските театарски уметници, и сите уметници во Македонија заслужуваат овој голем јубилеј да биде прославен на достоинствен начин, вели Стојаноска.

Во богатата програма на Фестивалот се 10 претстави во конкуренцијата за награди и уште 4 во офф- програмата. Фестивалот кој ќе трае до 12 јуни носи бројни промоции, научни трибини, тркалезни маси, автор во фокусот и многу театарска магија.

Годинашен автор во Фокусот е Дејан Дуковски. Во негова чест, на затворањето на фестивалот гостува претставата „Црно злато“ од Белградско драмско позориште со праизведбата на драмата на Дејан Дуковски.

Годинашни членови на жирито се: театрологт Дарко Лукиќ, театарската режисерка Аида Буквиќ и Снежана Конески-Руси, актерка, режисерка.

Извор и фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват
Следно: Собранието домаќин на 23. КОСАП конференцијата во Струга посветена на европските интеграции и регионалната соработка

Поврзани вести

98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“ 98765 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

12/07/2026 05:59
Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 3
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 4
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 5
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34

Можеби сте пропуштиле

98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани