Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Во Прилеп промовиран оперативниот план со мерки за вработување

admin 05/06/2025 00:00
Prilep-operativen-plan

За отприлика една недела се очекуваат првите огласи за вработување со што ќе се ефектуира Оперативниот план со мерки за вработување. Главен акцент е на младите. Оперативниот план како најголем и најобемен досега, беше претставен во Прилеп пред младите и невработените лица.

Според Весна Пешева, заменик директор на Агенцијата за вработување оперативниот план тежок 40 милиони евра треба да помине на одобрување на Комисијата за заштита на конкуренцијата и ќе биде ефектуиран.

-Опфатени се преку 16 000 невработени, а планот тежок 40 милиони евра, најобемен досега, носи мерки за потребите на пазарот на трудот. Има мерки за директни вработувања има и обуки за вработливост. Младите се опфатени со 40 проценти, жените со 50, а со 5 проценти се оние од ранливите категории од ромската заедница. Веќе ги очекуваме првите огласи кои ќе бидат објавени во најскоро време, веднаш по добивањето на мислењето од КЗК. Потоа ќе ги објавнуваме и другите огласи етапно за што, ние како Агенција, однапред подготвуваме план и распоред за динамика на реализација. Подготвени се сите 30 центри за вработување. Овој оперативен план содржи мерки кои, главно се насочени спрема младите до 29 години чие учество е најмалку 40 проценти, рече Пешева.

Агенцијата за поддршка на претприемништвото се вклучува со обуки, а некои и за првпат се спроведуваат годинава.

-Од оваа година, за првпат, Агенцијата си ја зема обврската да ги земе обуките за претприемништво, како и менторството, вели  в.д директорката на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Даниела Димовска.

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески нагласува дека приоритет се младите и кампањата за оперативното план ќе се спроведува во сите градови во државава.

-Според законската регулатива, мора да го почекаме мислењето на Комисијата за заштита на конкуренцијата, па од наредната недела ќе има огласи и започнување на мерка по мерка за што јавноста ќе биде известена. Во оваа пригода сакам да ги повикам сите категории невработени лица, посебно младите да ги следат огласите за вработување на веб страниците на АВРМ, на Министерството за економија и труд и во Агенцијата за претприемништво и навремено да аплицираат, нагласи Ристески.

Основен услов е невработените да бидат активни баратели на работа. Ќе се спроведе кампања во сите градови. Инаку, во моментов во земјава се околу 93 000 невработени од кои 17 проценти се млади.

Фото извор МИА

Continue Reading

Претходно: На граничните премини засега нема подолги задржувања за влез и излез, информира АМСМ
Следно: Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам

Поврзани вести

bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
SEMM
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

Шеталиште 16/02/2026 15:19
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 1
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22
СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини SEMM 2
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

16/02/2026 15:21
ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието VMRO-DPMNE 3
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

16/02/2026 15:19
Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши venko-filipce 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

16/02/2026 15:18
Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата venko 5
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата

16/02/2026 15:17

Можеби сте пропуштиле

bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
SEMM
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

Шеталиште 16/02/2026 15:19
venko-filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

Шеталиште 16/02/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани