Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Во Ресен потпишан Меморандум за реализација на програма за одржлив туризам во Преспа

Шеталиште 30/06/2025 13:26
Memorandum za Turizam Prespa

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  во партнерство со Делегацијата на Европската Унија и Општина Ресен промовираа програма за одржлив туризам во Преспа како дел од интегралната програма „ЕУ за Преспа“.

Со потпишаниот Меморандум за соработка меѓу УНДП, Општина Ресен и двата национални парка, „Галичица“ и „Пелистер“ се овозможува заеднички потфат, односно обележување и уредување на 100 километри велосипедски патеки и 70 километри пешачки патеки, кои ќе поминуваат низ заштитени подрачја во Преспа.

-Заедно со вклучените партнери работиме на реализацијата на заедничката визија за Преспа — како уникатна туристичка дестинација со заштитена животна средина и активни, „зелени“ заедници. Низ отворените три повици за поддршка за нови сместувачки капацитети, иновативни туристички поизводи и сервиси и обезбедување експертски обуки и тренинзни за сите заинтересирани во туризмот, сметаме дека Преспа добива нов развоен импулс со одржливи еко зелени практики, истакна постојаниот преставник на УНДП, Армен Григорјан.

На свеченоста во Ресен, градоначалникот Јован Тозиевски ја нагласи уникатноста на проектот што денеска почна да се реализира кој според него обезбедува напредок на Преспа.

-Овој голем проект обезбедува напредок за Преспа. Денеска повторно сме уникатни како што цела Преспа е уникатна со езерото и националните паркови. Со овој проект почнуваме нова приказна и ќе мотивираме многу други за да дојдат во Преспа и да ги видат убавините на овој регион. Веруваме во развиена и прекрасна општина, посочи Тозиевски.

Јавна поддршка на проектните активности во Преспа што се во функција на одржливиот туризам искажаа директорите на националните паркови „Галичица“ и „Пелистер“.

Директорката на Национален парк „Галичица“-Ресен, Фросина Георгиевска истакна дека со меморандумот се формирализира изградбата на пешачки и велосипедски патеки, се збогатува туристичка понуда за сите посетители во националниот парк и се врши поврзување на трите заштитени подрачја во Преспа, додека пак директорот на Национален парк „Пелистер“-Битола,  Иванчо Тошевски, порача дека Преспа треба да е центарот на сите идни туристички понуди и дека за развој на туризам треба регионално да се размислува, затоа што како што рече Тошевски, светот се отвора.

Проектот „ЕУ за Преспа“ овозможува  одржливо управување и користење на природните ресурси во преспанскиот регион, со цел подобрување на квалитетот на живот и економски развој преку нови „зелени“ патишта во земјоделството и туризмот. Со објавување на три отворени повици наменети за различни чинители од областа на туризмот ќе може да се вршат интервенции што ќе се реализираат до јуни 2027 години и ќе бидат во висина до еден милион долари.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Сувото грозје и сливите помагаат при запек
Следно: „Џејмс Веб“ ги направи првите директни снимки од егзопланета

Поврзани вести

FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата FB_IMG_1788757725107 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

07/09/2026 05:24
Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 2
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 3
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 5
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани