Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Во Ропотово, прилепско, отворена седмата канцеларија на Управни служби на МВР

Шеталиште 22/08/2025 07:42
toskovski-1-696x465

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со дел од раководството на министерството денеска во Полициското одделение во Ропотово, Општина Долнени, прилепско, пушти во употреба нова канцеларија на Управни служби на МВР која ќе ги опслужува жителите во Општина Долнени и околните населени места.

Според министерот Тошковски со овие седми по ред канцеларии за управни служби Министерството за внатрешни работи ги доближува се повеќе своите услуги за граѓаните.

– Над 15.000 граѓани коишто припаѓаат на Општина Долнени, заедно со граѓаните од дијаспората, ќе имаат право и можност сите услуги коишто се поврзани со управните служби како што е вадење на патна исправа, лична карта или возачка дозвола ќе можат да ги остварат во рамки на својата општина, многу поблиску до местото на живеење. Со тоа имаме двоен ефект, многу поблиска услуга до граѓаните од овој регион а и растеретување на канцеларијата во Прилеп која досега ги опслужуваше овие граѓани. Ова е седма по ред отворенена канцеларија на управни служби и доколку има потреба од нови секако ќе реализираме. Ветивме дека ќе овозможиме подостоинствени, побрзи и подостапни услуги за граѓаните и тоа го остваруваме – потенцираше Тошковски.

Досегашните искуства од веќе отворените канцеларии, како што рече, биле одлични, а граѓаните биле задоволни дека можат да ја остварат својата услуга близу до својот дом, без да патуваат подолго и фактот што гужвите со тоа се намалени и услугите ги добиваат достоинствено и ефикасно.

Министерот Тошковски исто така го посети и ОВР Прилеп каде се запозна со фактичката состојба поврзана со безбедноста, условите и предизвиците на прилепската полиција.

-Има подобрување во делот на сообраќајот и вкупниот криминалитет, но и понатаму треба да се работи особено во делот на враќање на довербата на граѓаните во полицијата, којашто во изминатите години била целосно изгубена како резултат на спрегата со определени криминални структури – истакна Тошковски.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (22.08.2025)
Следно: Ѓоковиќ го фрли првиот „пич“ пред дербито Јенкис-Ред Сокс

Поврзани вести

policija-8
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

Шеталиште 12/05/2026 12:07
napad-noz-960x636-640x424
  • Прилеп инфо

21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар

Шеталиште 12/05/2026 12:05
20260511094653_big_730x400_12
  • Прилеп инфо

Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово

Шеталиште 11/05/2026 08:10
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали u-16 1
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

12/05/2026 17:09
31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана policija-8 2
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

12/05/2026 12:07
18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

12/05/2026 12:07
21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар napad-noz-960x636-640x424 4
  • Прилеп инфо

21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар

12/05/2026 12:05
Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори станови зграда 5
  • Македонија

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

12/05/2026 12:04

Можеби сте пропуштиле

  • Некатегоризирано

словачка-=/*95+4ќч

Димитар Петковски 12/05/2026 17:26
u-16
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

Димитар Петковски 12/05/2026 17:09
policija-8
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

Шеталиште 12/05/2026 12:07
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

Шеталиште 12/05/2026 12:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани