Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Во сабота кај Градскиот Саат во Прилеп – Фестивал на млекото – дојдете дегустирајте, купете органско, квалитетно македонско

Шеталиште 12/09/2025 09:16
40-2_800x418-780x418

Седми пат по ред, во срцето на Прилеп – кај Градскиот Саат, оваа сабота (13.09.), со почеток од 10часот ќе се одржи Фестивалот на млекото.

Оваа година во фокусот ги ставаме сточарите и производителите на млеко и млечни производи – луѓето кои со години, со посветеност и љубов, се грижат за стадата и ја негуваат традицијата на производство.

Нивната работа е тешка, често незабележана, а предизвиците се секојдневни – од климатските промени и недостиг на пасишта, до економската неизвесност и напорот да се одржи квалитетот во услови на сè помали ресурси. Но токму тие луѓе се носители на живата традиција.
Тие го чуваат вистинскиот вкус на млекото и сирењето, и преку својата работа ни овозможуваат да се потсетиме на богатството што го има нашата земја.

Фестивалот оваа година е посветен на нивниот глас – за сите да слушнеме какви се предизвиците на сточарите денес, и што можеме заедно да направиме за да се зачува и развива оваа важна гранка.

Оваа година со нас ќе бидат и Слоу Фуд Млади, кои вечерта на Камената бина, заедно со шеф Маре Јаневска од Алијансата на готвачи, ќе подготват Диско Супа – вкусно јадење направено од производи кои вообичаено би завршиле во корпите за отпадоци, но сега ќе добијат нов живот во форма на креативна и вкусна супа. На овој начин, младите ќе испратат важна порака за одржливост, намалување на отпадот и вреднување на храната.

На фестивалот ќе можете да:

се запознаете со производителите и нивните приказни

дегустирате и купите автентични сирења и млечни производи

учествувате во дебати и дискусии за иднината на сточарството

уживате во музика, дружење и богата фестивалска атмосфера

13 септември 2025

Прилеп, Градскиот Саат и Камената бина
Фестивалот на млекото е место каде што традицијата, младите и иднината на локалното сточарство се спојуваат во едно, велат организаторите.

Continue Reading

Претходно: Tројца починати и двајца повредени со несреќата на експресниот пат Штип-Радовиш
Следно: Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Поврзани вести

policija-8
  • Прилеп инфо

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп

Шеталиште 17/04/2026 09:38
20260416124039_big_730x400_41
  • Прилеп инфо

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе биде готов пред рокот, од јуни воз Прилеп-Битола-Жабени

Шеталиште 16/04/2026 12:20
Screenshot
  • Прилеп инфо

Започнува примената на Упатството за надомест на штета од каснување од кучиња во Прилеп

Шеталиште 24/03/2026 11:36
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп policija-8 1
  • Прилеп инфо

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп

17/04/2026 09:38
Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак 3policija-420x240-138854-1 2
  • Битола инфо

Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак

17/04/2026 09:35
Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години 360_f_1035544333_wo0q1e9ks15e5vczoafqkjdb204godbn-1024x683 3
  • Свет

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години

17/04/2026 07:27
Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи sv._petka_-_istochen_petok_balaklija_kraj_h._belvi_5.jpg-696x1044 4
  • Македонија

Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи

17/04/2026 07:22
Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран nafta-1 5
  • Свет

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран

17/04/2026 07:20

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Прилеп инфо

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп

Шеталиште 17/04/2026 09:38
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак

Шеталиште 17/04/2026 09:35
360_f_1035544333_wo0q1e9ks15e5vczoafqkjdb204godbn-1024x683
  • Свет

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години

Шеталиште 17/04/2026 07:27
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.04.2026)

Шеталиште 17/04/2026 07:23

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани