Министерството за труд и социјална политика информира дека денес започна исплатата на правата од социјална, детска и граѓанска заштита за мај 2024 година.
Корисниците на дебитни картички од денес, 05 јуни 2024 година, можат да подигнат готовина на банкомати, да плаќаат безготовински или да користат електронско и мобилно банкарство.
За да се избегне метеж пред банките, исплатата за корисниците без картички ќе се спроведе во 2 групи, во сите филијали и експозитури на банките, според утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето.
05.06.2024 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
06.06.2024 – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.