Во централното градско подрачје на Прилеп, во близина на станбен објект, е забележано натрупување на голема количина отпад, вклучувајќи мебел, комунален смет и различен вид кабаст отпад.
Отпадот се фрла директно од терасата на зградата и стои на истата локација повеќе од три недели.
Според информации од граѓани, случајот е пријавен до надлежните институции, меѓу кои и комуналните служби, но до овој момент нема излезено екипа на терен за расчистување на локацијата.

Граѓаните посочуваат дека ваквата состојба не само што го нарушува изгледот на околината, туку може да претставува и потенцијален здравствен и еколошки ризик каде од истиот се шири неподнослив мирис.
Се очекува надлежните служби во најскоро време да преземат соодветни мерки за отстранување на отпадот.

