Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija

Почна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа што ќе се одржат веднаш по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026 година. Според Роковникот за изборни дејствија, изборната кампања за првиот круг на гласањето започнува на 22 декември на полноќ, и трае со 9 јануари, кога започнува молкот пред гласањето.

Кандидати за градоначалник на Гостивар се Невзат Бејта, како кандидат на коалицијата Вреди и независниот Ваљбон Лимани од НАИ.

Во Врапчиште кандидати за градоначалник се Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири поддржан од
Група избирачи Зуљхајрат Демири.

Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник и тоа Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците.

Во Маврово и Ростуше, пак, има двајца кандидати и тоа Онер Јакупоски поддржан од Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ и Анес Ахмети кандидат на СДСМ.

Изборите за градоначалник во овие четири општини се повторуваат бидејќи на Локалните избори 2025 таму немаше доволен број граѓани излезени на гласање.

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини во првиот круг на 19 октомври не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни.

Во Гостивар одзивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49 проценти.

Continue Reading

Претходно: ФФМ: Седлоски ќе биде предводник на македонската А репрезентација на патот кон Светското Првенство 2026
Следно: Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието

Поврзани вести

Glasanje
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со Скопје и 54 општини, ВРЕДИ со 9, СДСМ 6, НАИ 4, ЗНАМ и УР по 1, а во една независен кандидат

Шеталиште 03/11/2025 14:56
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Среќните спонзори на ФК Пелистер кога го освои Купот, нови спонзори во ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ (Фото) FB_IMG_1778866560243 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Ракомет
  • Спорт

Среќните спонзори на ФК Пелистер кога го освои Купот, нови спонзори во ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ (Фото)

15/05/2026 17:39
Нови современи медицински апарати за прилепската болница FB_IMG_1778856770647 2
  • Прилеп инфо

Нови современи медицински апарати за прилепската болница

15/05/2026 15:46
За период од десет години, бројот на новороденчиња во Македонија паднал за 30% – лани се родиле 15.500 бебиња Bebe 3
  • Македонија

За период од десет години, бројот на новороденчиња во Македонија паднал за 30% – лани се родиле 15.500 бебиња

15/05/2026 14:27
Родителите на насилни деца ќе плаќаат казни ако одбиваат соработка evro-moneti-1-750x430-2 4
  • Македонија

Родителите на насилни деца ќе плаќаат казни ако одбиваат соработка

15/05/2026 14:14
Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е при крај, рокот за донесување е 30 јуни Supermarket-5-610x400-2 5
  • Економија

Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е при крај, рокот за донесување е 30 јуни

15/05/2026 09:35

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1778866560243
  • Вести
  • Битола инфо
  • Ракомет
  • Спорт

Среќните спонзори на ФК Пелистер кога го освои Купот, нови спонзори во ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ (Фото)

Димитар Петковски 15/05/2026 17:39
FB_IMG_1778856770647
  • Прилеп инфо

Нови современи медицински апарати за прилепската болница

Шеталиште 15/05/2026 15:46
Bebe
  • Македонија

За период од десет години, бројот на новороденчиња во Македонија паднал за 30% – лани се родиле 15.500 бебиња

Шеталиште 15/05/2026 14:27
evro-moneti-1-750x430-2
  • Македонија

Родителите на насилни деца ќе плаќаат казни ако одбиваат соработка

Шеталиште 15/05/2026 14:14

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани