Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Вработените од Националниот парк „Пелистер“ и мештаните од Маловишта ја уредија патеката до манастирот Света Ана

Шеталиште 31/07/2025 12:56
525342462_122156831834399714_2058153376861079745_n

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Света Ана, вработените од Националниот парк „Пелистер“ во соработка со локалното население од село Маловишта ја уредија втората пешачка патека што води до истоимениот манастир. Целта на активноста е да се овозможи полесен и побезбеден пристап за илјадниците верници, планинари и љубители на природата кои на 6 и 7 август традиционално го посетуваат ова свето место.

Манастирот Света Ана се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри, а патеката до него минува низ густа букова шума, нудејќи едно автентично духовно и природно доживување. Селото Маловишта, како единствено населено место во рамките на Националниот парк „Пелистер“, се истакнува со својата уникатна архитектура, калдрмисани улици и традиционални камени куќи, претставувајќи жив симбол на влашкиот културен идентитет во регионот.

Како знак на благодарност за поддршката, претставниците од Националниот парк „Пелистер“ беа поканети во домот на семејството Палигора, каде што имаа ретка можност да ја вкусат традиционалната Pitá di burbunacá или зелник со киселец.

Од Националниот парк „Пелистер“ најавуваат дека ова е само почеток на една подлабока и посеопфатна соработка со село Маловишта, која ќе биде насочена кон развој на еко-активниот туризам, зачувување на културното наследство и промоција на уникатната традиција на ова село како дел од богатството на Националниот парк.

526706320_122156832410399714_3012265416122546470_n
525432936_122156832434399714_2477042673028259338_n
525018183_122156832362399714_1024861761783422778_n
525294625_122156832326399714_1798001712097524501_n
526905780_122156832344399714_8048526393009228450_n
525843592_122156832170399714_1709982290695304126_n
526766249_122156832380399714_7549082989403403592_n
525423519_122156832302399714_2346411762395225136_n

Continue Reading

Претходно: Во јуни раст од 22.5% на трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
Следно: Могила се гради и чекори напред: Саботковски ја побара поддршката за втор мандат

Поврзани вести

tomovski
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Мартин Томовски двоцифрен против неговиот прв клуб во Германија

Димитар Петковски 09/03/2026 11:52
20260309102644_big_730x400_30
  • Битола инфо

Стариот музички механизам од битолскиот градски часовник наскоро во Офицерски дом

Шеталиште 09/03/2026 09:45
20260309094014_big_730x400_57
  • Битола инфо

ОЈО Битола откри шема на измами со лажни сообраќајки по кои од граѓаните биле извлечени над 60.000 евра, случаите се поврзуваат со телефонски броеви од Романија

Шеталиште 09/03/2026 09:16
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Дизелот од полноќ поскапува за 14,5 денари nis_piu_motorno_gorivo1-1 1
  • Економија

Дизелот од полноќ поскапува за 14,5 денари

09/03/2026 12:25
Пронајдено безживотно тело на 64 – годишен маж во Прилеп Pc36a-policija-soobrakajna-nesreka-701x549-2 2
  • Прилеп инфо

Пронајдено безживотно тело на 64 – годишен маж во Прилеп

09/03/2026 12:23
Инфлацијата во февруари во однос на јануари 0,2 проценти Supermarket-5-610x400-2 3
  • Економија

Инфлацијата во февруари во однос на јануари 0,2 проценти

09/03/2026 12:14
Мартин Томовски двоцифрен против неговиот прв клуб во Германија tomovski 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Мартин Томовски двоцифрен против неговиот прв клуб во Германија

09/03/2026 11:52
Македонија подготвува нови летови за евакуација од Блискиот Исток avion1-1 5
  • Македонија

Македонија подготвува нови летови за евакуација од Блискиот Исток

09/03/2026 10:18

Можеби сте пропуштиле

DSC_5975
  • Промо

Жените во фокусот: КС Групацијата го одбележа Меѓународниот ден на жената

Шеталиште 09/03/2026 14:14
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Дизелот од полноќ поскапува за 14,5 денари

Шеталиште 09/03/2026 12:25
Pc36a-policija-soobrakajna-nesreka-701x549-2
  • Прилеп инфо

Пронајдено безживотно тело на 64 – годишен маж во Прилеп

Шеталиште 09/03/2026 12:23
muska
  • Рецепти

Посна мусака со компири и зеленчук

Шеталиште 09/03/2026 12:17

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани