Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
0bc1588753bbaac18768165e48566a9e

Поради одржување на осмото издание на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2026, на 13 септември 2026 година (недела), во Битола, во временскиот период од 07:00 до 12:00 часот, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

Годинава Битола повторно е домаќин и на Националното првенство во полумаратон, а на стартот на ТРЧАЈ БЕ се очекуваат над 1.500 тркачи од 18 земји. За првпат во Битола ќе трчаат и натпреварувачи од Кенија, земја со исклучителна традиција и светски резултати во трчањето на долги патеки.

Посебен режим на сообраќај ќе има на следните релации:

Старт на трката: бул. „1-ви Мај“, во близина на Саат Кула.

Бул. „1-ви Мај“, од страната на Музичкото училиште, сè до кружниот тек кај Педагошкиот факултет – ул. „Генерал Васко Карангелевски“, од кружниот тек кај Педагошкиот факултет до кружниот тек кај Веро – ул. „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик (ул. „Довлеџик“, која води кон Вила Молика, ќе биде слободна) – бул. „1-ви Мај“, од страната на Општина Битола – ул. „Филип II Македонски“ сè до кружниот тек кај Дулие – ул. „Батаљон Стив Наумов“ – ул. „Прилепска“, од кружниот тек кај Дулие до ул. „4-ти Ноември“ – ул. „4-ти Ноември“ до крстосницата со ул. „Солунска“ и обиколницата – ул. „Солунска“ до ул. „Широк Сокак“ – по Широк Сокак, од ул. „Солунска“ до стартот на трката, кој воедно е и цел.

Цел на трката: бул. „1-ви Мај“, во близина на Саат Кула.

Апелираме до граѓаните паркинг-местата кај плоштад „Магнолија“, односно кај Саат Кула, како и на ул. „Солунска“ кај Широк Сокак, да бидат слободни во недела наутро, со цел непречено и безбедно движење на тркачите.

Предвидени се алтернативни рути, а полициски службеници ќе го регулираат и контролираат сообраќајот.

Во случај на итност – медицинска помош, полиција или противпожарна служба – граѓаните да ги повикаат надлежните служби.

ЕДНО НЕДЕЛНО УТРО СО РАСТРЧАНА БИТОЛА

Во градовите низ светот кои се домаќини на големи улични трки, неколку часа без автомобили во дел од градот одамна се дел од културата на настанот. Улиците им се препуштаат на тркачите, пешаците и публиката, а градот добива поинаков ритам.

На 13 септември и Битола има можност да го направи истото.

Посебниот режим на сообраќај нека биде и можност да покажеме сообраќајна култура, трпение и почит кон луѓето кои тој ден ќе трчаат низ нашиот град.

Но ТРЧАЈ БЕ одамна не е само трка.

Пред осум години, кога започна ТРЧАЈ БЕ, една од идеите беше преку трчањето да се отвори уште една можност за развој на спортскиот туризам во Битола. Осум изданија подоцна, ефектот се гледа низ целиот град.

И кога зборуваме за над 1.500 тркачи, не зборуваме само за 1.500 луѓе.

Со нив во Битола доаѓаат семејства, партнери, деца, роднини и пријатели. Доаѓаат луѓе од други македонски градови и гости од странство кои не трчаат, но дошле да навиваат, да поминат викенд и да бидат дел од атмосферата.

Тоа значи неколку илјади луѓе повеќе во Битола во едно неделно утро, а и вел Трчај бе викенд.

Затоа градот за време на ТРЧАЈ БЕ е преполн. Сместувачките капацитети се речиси исполнети, рестораните и кафулињата имаат значително повеќе гости, а ефектот го чувствуваат и продавниците, такси-превозниците и другите локални бизниси.

Тркачот можеби доаѓа за стартниот број. Но со него доаѓаат уште луѓе кои преспиваат, појадуваат, ручаат, пијат кафе, купуваат и ја запознаваат Битола.

Тоа е суштината на спортскиот туризам: еден спортски настан создава движење низ целата локална економија.

Затоа неколкуте часа изменет режим на сообраќај не треба да ги гледаме изолирано од она што градот го добива тој викенд.

Неколку часа помалку автомобили.

Над 1.500 тркачи од 18 земји.

Илјадници членови на семејства, пријатели и навивачи.

Речиси исполнети сместувачки капацитети.

Полни ресторани и кафулиња.

Неколку илјади луѓе кои во едно неделно утро ја избрале Битола.

Затоа, каде што можете, оставете го автомобилот дома. Прошетајте. Дојдете пеш до патеката. Излезете пред вашите домови и локали и навивајте.

Да покажеме дека Битола знае да биде добар домаќин, град со сообраќајна култура и град кој ја разбира вредноста на спортскиот туризам.

Здружението „Трчај бе“ однапред им се заблагодарува на граѓаните за разбирањето, трпението и поддршката.

СЕ ГЛЕДАМЕ НА УЛИЦИТЕ НА БИТОЛА НА 13 СЕПТЕМВРИ.

Continue Reading

Претходно: Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија
Следно: Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

Поврзани вести

24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани