Ова утро во Македонија имаме голема температурна инверзија, односно во котлините речиси насекаде температурите се под нулата, а на повисоките, планинските места и на Скијачките центри температурите се позитивни, односно над нулата. Времето е малку до умерено облачно и претежно тивко, а по котлините и понатаму е многу магливо и со ниска облачност.
На табелата можете да ги погледнете минималните температури ова утро измерени по градови и места низ Македонија до 7 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.
Снежната покривка изнесува 36 сантиметри на Попова Шапка, 26 сантиметри во Маврово и 5 сантиметри во Битола.