Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Врие од интернет и СМС измами: Како да спречите да ви ја испразнат банкарската сметка?

admin 17/10/2023 00:00
1667414178-austin-distel-tLZhFRLj6nY-unsplash-900x600-1

Измамите преку онлајн апликации, мејл и СМС пораки не се ништо ново, а деновиве македонските граѓани масовно се мети на една таква измама што ги празни банкарските сметки.

Станува збор за измама што го намамува корисникот со наводна пратка што им стигнала преку АД „Пошта на Северна Македонија“. Граѓаните добиваат известување дека нивната пратка не е доставена поради нејасна адреса. Потоа се бара од нив да се уплати сума од 17 денари, а при трансакцијата всушност се одзема значително повисок износ од посочениот.

Од АД „Пошта на Северна Македонија“ велат дека тие известувања се дезинформации и дека не ги испраќала компанијата и ги советуваат граѓаните веднаш случајот да го пријават во МВР. Додаваат дека единствено и официјално известување за достава на пратките е преку разнесувачите и апелираат секој неовластен обид за злоупотреба на пошта да се пријави.

„Ве известуваме дека во име на АД ‘Пошта на Северна Македонија’ граѓаните добиваат пораки на телефон дека нивните пратки нема да бидат доставени. АД ‘Пошта на Северна Македонија’ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи. Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта. За сите информации во врска со Пошта ве молиме посетете ја нашата официјална веб страна www.posta.com.mk“, соопштија од АД „Пошта на Северна Македонија“.

Ова не е прв обид на измама на корисниците на услугите на „Пошта“, граѓаните многу често пријавуваат злоупотреби особено со интернет нарачките.

Купувањето на интернет веќе не е никаква новост и многу луѓе ја користат предноста на ваквиот вид на шопинг без да мора да излегуваат од дома.

Европол на својата веб страница објави листа со златни правила како да се заштитите при онлајн шопинг и кои се најчестите ризици со кои би можеле да се соочите.

Пред да ја направите нарачката прочитајте ги условите на трансакцијата, вклучувајќи ги и оние напишани со најситни букви. Проверете дали адресата и други податоци за продавачот се достапни на веб страницата и запишете ги за во случај да треба да ја вратите нарачката.

Испораката на погрешен производ или услуга е вообичаен проблем во онлајн трговијата, а ако имате проблем со нарачката најпрво обратете се кај оној што ви го продал производот. Се препорачува да комуницирате преку e-mail за да имате пишана евиденција за преписката. Ако не можете да го решите проблемот со трговецот, обратете се на службата за корисници на банката преку која сте ја извршиле платежната трансакција.

Секогаш чувајте ги сите документи во врска со купениот производ или успуга и ако се обраќате до банката приложете копија од преписката со лицето од каде сте го купиле производот односно услугата. Ако враќате оштетена или неисправна пратка тоа направете го со препорачана пошта и чувајте ја сметката.

Ако сте жртва на измама случајот веднаш пријавете го во полиција, а потоа во банка, ако сте го платиле производот со дебитна или кредитна картичка, бидејќи можеби ќе биде изводливо да ви бидат вратени парите.

Никогаш не ги праќајте бројот на картичка, ПИН лозинката и други информации во врска со картичката или ваши лични податоци(Име и презиме, адреса, ЕМБГ). Ако не купувате ништо не ги внесувајте ваквите податоци на веб страници бидејќи може да ги искористат за кражба на идентитет и други измами.

Купувајте само од проверени брендови и нивни потврдени официјални страници за онлајн шопинг. Секогаш проверувајте ги оцените на трговецот на страници како Amazon и eBay. Избегнувајте шопинг на страници каде не се користи потполна верификација (Verified by Visa/MasterCard Cesure Code).

Не праќајте пари преку интернет на луѓе кои не ги познавате и никогаш не праќајте пари однапред без потврда за заштита на купувачот на веб страницата.

Немојте да праќате копии од вашите лични документи и кредитни картички преку факс или e-mail ако тоа од вас го побара некој онлајн трговец. Најверојатно се работи за некаков вид на измама.

Continue Reading

Претходно: Облачно и студено со повремен дожд
Следно: Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Јеротеј

Поврзани вести

633538509_17959928781047249_5463754512103256636_n
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Пелистер максимално подготвен за гостувањето во Аеродром против актуелниот првак МЗТ Скопје

Димитар Петковски 07/03/2026 00:34
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Македонија

РКЕ со нови правила за лиценцирање на енергетските компании

Шеталиште 06/03/2026 10:44
37118 (2)
  • Македонија

Трагедија кај Битола: Во сообраќајна несреќа загина вработен во ЦУК

Шеталиште 06/03/2026 09:12
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Пелистер максимално подготвен за гостувањето во Аеродром против актуелниот првак МЗТ Скопје 633538509_17959928781047249_5463754512103256636_n 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Пелистер максимално подготвен за гостувањето во Аеродром против актуелниот првак МЗТ Скопје

07/03/2026 00:34
Почна изградбата на спортска сала во дворот на училиштето „Стив Наумов“ 2-bitola-1-696x489 2
  • Битола инфо

Почна изградбата на спортска сала во дворот на училиштето „Стив Наумов“

06/03/2026 13:47
Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника – уверува министерката Димитриеска-Кочоска nis_piu_motorno_gorivo1-1 3
  • Економија

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника – уверува министерката Димитриеска-Кочоска

06/03/2026 13:43
„Крали Марко Треилс“ повторно во Прилеп – 13-то издание на популарниот планински маратон Screenshot 4
  • Прилеп инфо

„Крали Марко Треилс“ повторно во Прилеп – 13-то издание на популарниот планински маратон

06/03/2026 13:11
15.000 туристи на крузери и 20.000 морнари се „заробени“ во Персискиот Залив, не е безбедно да се плови по Ормутскиот Теснец cargo_vessel_in_the_persian_gulf 5
  • Свет

15.000 туристи на крузери и 20.000 морнари се „заробени“ во Персискиот Залив, не е безбедно да се плови по Ормутскиот Теснец

06/03/2026 10:47

Можеби сте пропуштиле

633538509_17959928781047249_5463754512103256636_n
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Пелистер максимално подготвен за гостувањето во Аеродром против актуелниот првак МЗТ Скопје

Димитар Петковски 07/03/2026 00:34
2-bitola-1-696x489
  • Битола инфо

Почна изградбата на спортска сала во дворот на училиштето „Стив Наумов“

Шеталиште 06/03/2026 13:47
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника – уверува министерката Димитриеска-Кочоска

Шеталиште 06/03/2026 13:43
Screenshot
  • Прилеп инфо

„Крали Марко Треилс“ повторно во Прилеп – 13-то издание на популарниот планински маратон

Шеталиште 06/03/2026 13:11

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани