Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Втора можност за упис во средно, слободни 16.034 места

Шеталиште 30/06/2025 06:50
upisi-sredno-skolo

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност за упис, на второто електронско пријавување овој месец. Потребната документација до училиштата ќе се доставува утре, а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена в среда (2 јули) до 12 часот.

Според податоците на Министерството за образование и наука собрани од училиштата, за второто јунско пријавување има слободни 16.034 места за упис на ученици – 10.758 за настава на македонски јазик, 4.781 на албански наставен јазик, 474 на турски и 21 слободно место за настава на српски јазик. За гимназиско образование има 3.727 слободни места и 12.307 за стручно образование.

По првото аплицирање, спроведено од 14 до 17 јуни, вкупно се запишале 13.712 ученици од 16.601 пријавени. Од нив, 10.172 ученици се запишани за настава на македонски јазик, 3.248 за албански, 279 за настава на турски и 13 ученици за српски јазик.

Како и во последните неколку години, стручното образование е попривлечно за учениците, така што на првиот јунски уписен рок над двојно повеќе ученици се запишале во стручни училишта (9.469) отколку во гимназиите (4.243).

За гимназиско образование конкурсот за упис на ученици веќе е завршен во гимназиите „Јосип Броз Тито“ во Битола и „Никола Карев“ во Скопје. По првото пријавување, Министерството за образование и наука објави информација и за училишта во кои Конкурсот за запишување ученици е завршен во стручно образование за одредени сектори/квалификации.

За учениците кои во јунскиот рок нема да се запишат во средно училиште, следна можност е августовскиот рок во училиштата каде што ќе има слободни места. Електронското пријавување ќе биде на 21 август, а истиот ден ќе треба да се достави и потребената документација до училиштата. Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето ќе биде објавена на 22 август.

Continue Reading

Претходно: Животната приказна на филмско платно: Ќе се снима игран филм за Дарко Панчев
Следно: Саниран големиот дефект на хидросистемот во Прилепскиот регион

Поврзани вести

img_3869-700x375
  • Македонија

Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа

Шеталиште 09/06/2026 08:01
terapont-780x470
  • Македонија

Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт

Шеталиште 09/06/2026 07:46
prolet_2015_soncevo_1
  • Македонија

Сончево до пладне, невреме попладне – Од петок значително влошување на времето

Шеталиште 09/06/2026 07:43
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола reka-dragor-bitola 1
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

09/06/2026 11:56
Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига! 3456 2
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

09/06/2026 10:49
Уште еден мал авион падна во Хрватска, едно лице е повредено avion-1-2 3
  • Балкан

Уште еден мал авион падна во Хрватска, едно лице е повредено

09/06/2026 08:40
Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа img_3869-700x375 4
  • Македонија

Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа

09/06/2026 08:01
Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт terapont-780x470 5
  • Македонија

Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт

09/06/2026 07:46

Можеби сте пропуштиле

NASLOVNA Mint-172
  • Промо

MINT започна со оперативен лизинг – Возете автомобил, а не грижи

Шеталиште 09/06/2026 13:10
skijatos-leto-lider-travel-10-1024x536-1
  • Патувањa

Сардинија воведе строги правила за плажите: за крадење песок казна до 3.500 евра

Шеталиште 09/06/2026 11:58
reka-dragor-bitola
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

Шеталиште 09/06/2026 11:56
3456
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

Димитар Петковски 09/06/2026 10:49

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани