ФК Новаци го претстави новото засилување во името на младиот Андреј Сиљаноски.
Сиљаноски веќе настапуваше за Новаци но со потписот на кој се обврза до крајот на престојнава сезона 2026/07, значи дека клубот сериозно смета на него и неовите офанзивни способности.
Андреј Сиљаноски е дете на ФК Пелистер, и ланската сезона во првиот тим доби неколку пати шанса да ги покажи своите квалитети во “зелено-белиот” дрес.
Претходно во екипата на ФК Новаци пристигнаа играчите Петар Гугуљанов и Кирил Стојков од екипата на гевгелиски Кожуф од каде и што доаѓа младиот и талентиран стратег, Иван Варадиновски.

