Македонскиот музичар, Кристијан Магденовски, го претставува својот втор студиски албум со наслов Hard-Edged, кој содржи 12 оригинални инструментални композиции.
Синоќа албумот го отсвири во целост во Камарите, локал кој со својата акустика и амбиент придонесе за автентичен звук и енергична атмосфера.
Бендот со кој настапи го сочинуваат Владко Симоновски на гитара, Васко Ќосевски на бас гитара и Иле Лулевски на тапани.
Hard-Edged претставува продолжение на музичката визија на авторот – комбинација на сурова енергија, експресивност и искреност.
Албумот носи ново музичко искуство кое ја одразува личната креативност и уметничка зрелост на изведувачот.
Промоцијата на албумот е само почеток на ново поглавје во кариерата, а публиката наскоро ќе има можност да го доживее Hard-Edged во живо и преку настапи во повеќе градови низ Македонија.

