Втор смртен случај од западнонилска треска е регистриран за само една недела на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Починал 72-годишен маж кај кого била утврдена и клиничка слика на менингитис.
На Клиниката во моментов се хоспитализирани 24 пациенти со западнонилска треска, а неколкумина од нив се на механичка вентилација, поради тешката клиничка состојба.
Пред неколку дена од вирусот почина и 83-годишен маж од Скопје, кој исто така бил лекуван на Инфективната клиника. Кај него биле присутни вкочанетост на вратот и нарушена свест, а била утврдена и клиничка слика на менингитис. Пациентот имал и други придружни заболувања. Присуството на вирусот на западнонилска треска било потврдено со серолошко испитување на ликворот.
Според Институтот за јавно здравје, најчестите симптоми на инфекцијата се покачена телесна температура, треска, главоболка, општа слабост, како и болки во зглобовите и мускулите. Кај потешките случаи вирусот може да го зафати нервниот систем и да предизвика менингитис, енцефалитис или други сериозни невролошки компликации.
Здравствените власти прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе скопски подрачја – Кисела Вода, Гази Баба, Драчево, Илинден, Трубарево, Јурумлери и Идризово.
Најголем број регистрирани случаи има во Драчево, каде што е забележано најголемо ширење на инфекцијата пренесува нова. Македонија.

