Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

В понеделник се враќаат првите пациенти кои се лекуваат во странство

admin 21/03/2025 00:00
brza_pomo

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски очекува в понеделник во државава да бидат вратени првите пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство и инфорира дека веќе се работи на планот за следните фази на рехабилитација. Вкупната бројка на повредени во пожарот достигна околу 200, во домашните болници се 72-ца пациенти, а 111 во странските.

Тој во гостување во Тема на денот на ТВ Сител вечерва истакна дека денеска завршувааат преносите во странските бопници. Во текот на денов биле транспортирани три пациенти во Турција, седум пациенти во Шпанија и последниот транспорт со двајца повредени ќе биде во Чешката Република.

„Заврши доаѓањето на нови повредени во македонското здравство. И со околу 70 повредени во Македонија, мислам дека можеме да се справиме тука. Се уште имаме пациенти на интензивна нега, меѓутоа сите се стабилни со позитивна прогноза. Во основа логиката на ова што го направивме изминатите денови, бидејќи не знаевме кој ќе биде обемот на трагедијата, беше што повеќе тешко повредени, критични повредени да се пренесуваат во странство. Таа одлука е донесена од Владата многу рано, веќе во утринските часови“, рече Клековски.

Тој не кажа за бројот на пациенти кои се во критична состојба, но увери дека прават сѐ што е можно да бидат добро и дека сите до еден се згрижени во најдобри можни услови според степенот на повреди. Ја нагласи и брзата реакција на надлежните.

„Одлучувавме исклучиво по критериуми, конзилијарно, директорите на неколку клиники без разлика што сместувањето беше во пет центри на почетокот – Кочани, Штип, Св Наум Охридски, 8 Септември и повеќе клиники во Клинички центар. Во неделата, за помалку од 12 часа од несреќата првите транспорти на повредени ги имавме кон Солун (Папаниколау), а потоа дојдоа транспорите кон Софија (Пирогов), Бугарија, а потоа и Турција и Србија“, вели Клековски.

Тој потенцира дека првиот бран на пациенти, околу 150, го прифати македонското здравство, максимално пожртвувано, а први на помош им пристапиле државите од соседството – Бугарија, Грција, Србија и Турција. Тие реагирале најбрзо со сопствени авиони и испратиле сопствени возила, а Бугарија и Србија испратиле и итна помош. Тој појасни дека Владата го активирала механизмот за цивилна заштита на Европската Унија на вториот ден од несреќата кога се пополниле капацитетите во соседните земји и кога почнале да доаѓаат нови пациенти.

Клековски потсети и на странските медицински тимови кои пристигнаа на помош во земјата од Србија, Израел и од Чешката Република со експертиза за изгореници кои им помогнале на домашните здравствени работници во болниците каде беа лекувани средно тешките пациенти.

Директорот на Фондот најави дека на македонското здравство кое е вели „од 20 век“ му претстои темелна реформа за што од денеска работат со британски тим, а имаат понуда и од израелското Министерство за здравство да работат на механизми за справување со вакви кризни состојби. Тој притоа подвлече дека ова е само почетната фаза на згрижувањето на речиси 200 повредени во пожарот во Кочани, а допрва претстои долготрајна фаза на лекување, рехабилитација и психосоцијална работа. Веќе в понеделник ќе ги имаме, рече, првите враќања од странските болници.

„Траумата е огромна во цела земја, посебно во Кочани, Облешево, Виница, местата каде има погинати. Има потреба од психосоцијална работа, и кај здравствените работници, посебно во Кочани. Сега заедно со дефинирање на планот за враќање на повредените веќе размислуваме за следните фази. И британската Влада и изралеското МЗ понудија да ни помогнат да го конципираме планот што ќе правиме следната една – две години бидејќи оваа трагедија ќе дава последици кои ќе траат подолго“, рече Клековски кој изрази импресионираност од координираноста на повеќе различни ресори и исклучителната висока мобилизација и солидарност не само во македонското здравство туку и кај приватниот сектор, од приватните болници, од веледрогериите и фармацевтските куќи.

Финансирањето на лекувањето на пациентите е прашање на кое во првите денови од несреќата не размислувала Владата, а ниту го покренале соседите, но Клековски кажа дека тоа дополнително ќе се отвори бидејќи дел од лекувањата ќе бидат исклучително долготрајни, гледано од досегашни искуства на Фондот.

„Порано или подоцна ние ќе мораме да почнеме да разговараме со земјите како ќе ги уредиме односите. Но, во ниту еден момент не се постави прашањето кој ќе го финансира и како ќе го финансира, туку дека прво мора да се бориме да ги спасиме животите на повредените, а потоа ќе ги гледаме достапните механизми и како ќе се регулира тоа“, наведе Клековски.

Continue Reading

Претходно: Денеска е Свети Теофилакт, епископ Никомидиски
Следно: Студено утро, преку денот претежно сончево

Поврзани вести

20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50
+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар M79_0274-2048x1367 1
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

08/10/2026 10:41
Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци 20261007181811_big_730x400_53 2
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

08/10/2026 07:48
До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 3
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 4
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50

Можеби сте пропуштиле

capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
M79_0274-2048x1367
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Шеталиште 08/10/2026 10:41
20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани