Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

„Галеб“ од Чехов утревечер премиерно во битолскиот театар

admin 13/09/2024 00:00
galeb-naroden-teatr-bitola-1068x712-1

На прес – конференција во Битола, в.д. директорот на битолскиот театар Васко Мавровски истакна дека „Галеб“ е насловена како претстава комедија, но всушност е најтрагичното дело во кое се зборува за десет изгубени души кои неможе да профункционираат еден со друг.

Ансамблот на Националната установа (НУ) Народен театар-Битола, утревечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Багрјана Попов.

На прес – конференција во Битола, в.д. директорот на битолскиот театар Васко Мавровски истакна дека „Галеб“ е насловена како претстава комедија, но всушност е најтрагичното дело во кое се зборува за десет изгубени души кои неможе да профункционираат еден со друг.

„Оваа прес – конференција е прва во која учествувам како в.д. директор и сакам да истакнам дека освен почеток со нова премиера, ние од денеска имаме ново лого на театарот кое го посветуваме на нашиот јубилеј – 80 години Народен театар-Битола. Сметам дека овој театар има потенцијал да се вратиме таму каде што бевме, имаме потенција да бидеме најдобриот театар во Македонија и да го оправдаме приматот на најстар театар во државата во кој што за прв пат се проговорил македонскиот јазик. Мојот мотив да прифатам една ваква функција се потпира на фактот дека ова е идентитетски столб на Битола, културен храм и затоа оваа прес конференција ја одржавме во храмот на уметноста“, истакна Мавровски.

Од НУ Народен театар-Битола информираа за театарските проекти и гостувања што ќе се реализираат до крајот на годината.

„Мојата нова визија се темели на две точки. Првата е да ја вратиме публиката во театарот и да се посветиме на традицијата, на македонската драматургија бидејќи заборавивме дека ова е народен театар, театар што единствено припаѓа на публиката и на народот и ние како институција сме должни да понудиме програма која што ќе има интерес кај сите, од децата до возрасните, а не да се однесуваме како овој театар да е на некоја квази-елита и да произведуваме некаква совреме уметност која никој не ја разбира“, нагласи Мавровски.

Режијата е на Багрјана Поповa, сценографија на Валентин Светозарев, костимите ги изработи Благој Мицевски, музиката е на Александар Димовски, а фотографиите се на Диоген Хаџи-Коста Милевски.

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола на 6 октомври ќе гостува на театарски фестивал во Бјелисток-Полска, на 16 октомври ќе има премиера на монодрама со Соња Михајлова, на 25 октомври премиерно ќе биде одиграна претставата „Ричард Трети“, а на 14 ноември по повод 80 години Народен театар-Битола, публиката ќе ја види претставата „Ѓоре Магарески – 80 години потоа“.

Continue Reading

Претходно: Почина прилепчанка, која управувајќи тротинет била удрена од автомобил
Следно: Доделени наградите од наградната игра “Топ тикет за Топ одмор”

Поврзани вести

mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
aleksandar-tanevski-1-1536x1069
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ: Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година, Јакимовски нов претседател на Судискиот одбор

Димитар Петковски 09/09/2026 16:14
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанка го нападнала својот татко, му нанела расекотина

Шеталиште 09/09/2026 10:19
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани