Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

ГАЛЕРИЈА: Битола го прослави векот на авијацијата

Шеталиште 13/10/2025 18:00
551500586_1506888930355781_1054859399829427362_n

Овој викенд, на спортскиот аеродром на Аеро клубот “Мирко Тодоровски” небото беше сведок на еден јубилеј што не се мери во години, туку во летови.

Се славеа 100 години авијација во Битола, еден век од првите летови, првите храбри обиди да се победи гравитацијата и првите луѓе кои верувале дека сонот има крила.

Според архивата, првите летови над Битола се регистрирани во 1925 година. Во тоа време, леталата биле симбол на модерност и надеж, а во 1935 година е воспоставена редовна авионска линија Белград – Ниш – Скопје – Битола – Солун — како линија што ја поврзала Битола со небото и светот.

Свечената академија се одржа под мотото „Столетие“, со присуство на гости од земјата и странство, пилоти, падобранци, љубители на воздухопловството и битолчани кои со погледите повторно го бараа она чувство на гордост.

„Нашите клубови повеќе од три децении живеа без институционална поддршка, без помош, но не и без љубов. Овде сите сме волонтери во име на сонот. И иако оставени на ветрометина, успеваме да го одржуваме воздухопловството во живот. Денес работите се менуваат.“ – истакна Вања Атанасов, претседател на клубот.

Тој ја спомена и плејадата луѓе што го држат клубот жив:

„Столб на клубот е Васко Михалчев, кој 45 години е активен член и ние му должиме огромна благодарност. Ги почитуваме сите генерации – од највозрасните членови, Јован Свидерски и Благој Атанасов, кои имаат по 87 години, до најмладата членка, 17-годишната Марија Котевска. Тоа е нашиот временски лак – од спомен до иднина.“

Но Вања, не можеше ни да сонува дека точно на денот н прославата клубот ќе добие 100 нови членови кои доброволно платија членарина и се зачленија. Со тоа може да се каже дека клубот има одлична иднина.

Еден од највпечатливите говори беше на Игор Божиновски, вљубеник во небото, поранешен претседател и човек кој последните две децении ја обновува традицијата на клубот.

„Во овие 100 години, Битола не еднаш се симна од небото, но секогаш повторно полетуваше. Воздухопловството не е хоби, туку став кон животот: да го гледаш светот од перспектива што ги менува сите граници. Нашиот клуб не е институција – тоа е еден собир на луѓе што го сакаат небото повеќе од комфорот на земјата.“

Настанот го отвори и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, кој со зборови на почит го поздрави векот на македонското воздухопловство:

„Ова не е само прослава на еден клуб, туку и приказна за Европа што се градела од храброст и визија. Секоја мала авијациска приказна е дел од поголема човечка амбиција…да се поврземе, да не останеме ограничени.“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање се наврати на своето детство години кога со неговиот татко, познатиот офталмолог д-р Драги Коњановски доаѓал на ова исто и го набљудувал како прави очни прегледи за пилотите. Во неговиот говор зборуваше за тие негови први спомени од спортскиот аеродром. Но и ги изненади присутните со една вест:

„Општина Битола издвојува значителни средства за спорт, но овој клуб заслужува посебно внимание. Ќе доделиме 10 стипендии за целосна обука на ученици кои сакаат да летаат со едрилица. Тоа е инвестиција во иднината во генерации што ќе продолжат да гледаат нагоре.“

По свечената академија беше откриена спомен-плоча посветена на славните битолски воздухопловци, а во хангарот беше поставена изложба на фотографии, документи и модели што ја раскажуваат историјата на битолското небо.

Денот заврши како што и треба со надлетувања, едрилици, моторни летови, детски насмевки и многу музика што ја спои авијацијата со урбаната култура на денешницата.

Во публиката имаше семејства, љубопитни деца, старите членови што се прегрнуваа по долги години и оние што допрва ќе ја почнат својата приказна со небото.

11 октомври, 2025 само не потсети дека љубовта кон небото не старее. И како што рече еден од најстарите членови, со поглед кон хоризонтот: „Секој лет е мал подвиг. Но секое слетување овде, во Битола, е враќање дома.“

Фотографка: Кети Талевска Бакревска

541247594_1719555198986953_1291759354632012863_n
541372967_2066746964131747_1883167258262067903_n
541426031_2175701449593207_7199821574408676547_n
550526890_795917266534387_6477699908287677684_n
550595050_782621164553132_6059968562321251195_n
550885861_1514179586298197_7370403692097687545_n
550897654_816726480757189_8793546926945417252_n
550915334_1172536014730104_574860838162633598_n
551141851_2074726840002861_3082761801138644336_n
551155048_1152297930158713_1566437087903020283_n
551309574_811976434862854_5987309157652911186_n
551330814_1886636002256082_3239521255081443687_n
551388177_1329665238954505_3981598407709928101_n
551500586_1506888930355781_1054859399829427362_n
551572204_4102015330050756_3624355330797730628_n
551740127_1436762307384236_8406786882730332170_n
551786129_828301066361140_4910419084822882701_n
551852029_1141347401442070_759689979585837367_n
552177286_1558855905236540_2055532558238533918_n
552195816_1101329038655672_5005743273012176522_n
552257373_1385115093616876_2241356876305235733_n
552274972_1302069818267308_365031873012995391_n
552666645_3916630048576466_8889201287431012251_n
552818666_4184340568561331_4621381321893586835_n
553233123_798724689577636_3618119272461800444_n
553270814_992594776355362_2745505607421654283_n
553765913_2193541707804700_358953445151007392_n
554112234_1154970479349349_4741276160399062712_n
554223237_810609658021882_3624744903349856304_n
555042734_813460988082456_8647123642250712825_n
555516642_825033230008006_1609854815452269609_n
565498458_1756194025044843_1270638634760170753_n

Continue Reading

Претходно: СП 2026: ФФМ објави важни информации за вечерва во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан
Следно: СП 2026: Македонија „ремиза“ со Казахстан, нов лидер е Белгија 

Поврзани вести

282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

Димитар Петковски 11/04/2026 09:08
Screenshot_20260410_165554_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Регион
  • Спорт
  • Фудбал

Босански спорт: Стадионот „Петар Милошевски“ е еден од бисерите на Балканот (Видео)

Димитар Петковски 10/04/2026 15:37
Screenshot_20260409_121348_Chrome
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вечното дерби заврши мирољубиво, Јовчевски не дозволи радост на Вардар во Битола (Фото)

Димитар Петковски 09/04/2026 10:14
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 2
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08
Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата artemis-2-e1775897631880-800x450 4
  • Свет

Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата

11/04/2026 09:01
Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело hosios_loukas_narthex_-_east_wall_right_harrowing_of_hell_03.jpg 5
  • Македонија

Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело

11/04/2026 08:59

Можеби сте пропуштиле

261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно Корзо (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15
goriva-1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Шеталиште 11/04/2026 14:42
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани