Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Гаши: Ќе се договара нов Изборен законик, а за измените на Кривичниот законик уште нема предлог од Владата

Шеталиште 04/11/2025 15:34
Gashi

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал координација со координаторите на пратеничките групи по паузата поради одржувањето на локалните избори. Нагласи дека потребни се или измени на Изборниот законик или да се донесе целосно нов закон, информира Гаши на неделниот брифинг со новинарите. Како што потенцира Гаши, на координацијата сите се согласиле дека треба да разговараат со цел консензуално да се донесат новите законски решенија.

-На координацијата прва по паузата за изборите, разговаравме да се донесе нов Изборниот законик, на консензуален начин. Нов Изборен законик треба меѓу другото и поради финансирањето на партиите. Беше проблем, бидејќи со одредбите напишани во 2021 година, две партии имаше само, што не соодветствува со реалноста. Имаше три на власт, три во опозиција. Не е исклучено да се зборува и за промена на изборниот систем, на пример Македонија да биде  една изборна единица, рече спикерот.

Со измените на Изборниот законик или со новото законско решение треба да се надминат сите проблеми што досега се евидентирани во изборните процеси, без разлика дали се работи за парламентарни, претседателски или локални избори. Препораките на ОБСЕ, начинот на финансирање на кампањата, начинот на кандидирање на независни кандидати, цензусите, предвремената кампања, но и теми како изборниот модел или организирање во една изборна единица – сите прашања во врска со изборите се очекува да бидат опфатени, рече Гаши.

Претседателот на Собранието информира дека на координацијата со координаторите не зборувале за Кривичниот законик кој амнестира и ослободува функционери од корупција и од злоупотреба на службената положба и овластувањата.

-Вратата за новиот Кривичен законик и за измените што ги бара Управниот суд во однос на амнестирачките членови во него за извршена корупција, во Собранието е отворена. Уште нема предлог, тоа зависи од  Владата, рече Гаши, кој кога ги распиша локалните избори во август, потенцира дека новиот Предлог- кривичен законик „само што не пристигнал во Собранието, бидејќи така му било најавено од министерот за правда Игор Филков и од Владата“.

Прашан околу распишувањето на локалните избори во четирите општини каде не беше постигнат законскиот цензус од една третина излезност, Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, Гаши истакна дека ќе одржи консултација со Државната изборна комисија, затоа што, како што рече, има нејаснотии околу рокот за распишување.

Според Изборниот законик, повторените избори треба да се распишат во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори, Гаши рече дека дилемата е дали тие 60 дена се бројат од конечноста на резултатите во првиот круг, кога ДИК констатираше дека во четири општини не е постигнат цензусот или по конечните резултати после вториот круг.

Претседателот на Собранието информираше дека на 15 јануари следната година истекува мандатот на актуелниот состав на Државната изборна комисија (ДИК), што се поклопува со времето кога треба да се одржат повторените избори во четирите општини. Гаши вели дека е во комуникација со ДИК за решение на ситуацијата.

– Според законот, мандатот на член на ДИК трае пет години, до избор на нов член и со оваа формулација „до изборот на нов“ ќе се продолжи мандатот на актуелните членови додека завршат изборите во четирите општини, рече тој.

Прашан за законот за локална самоуправа кој не се донесе пред локалните избори поради немање Бадентерово мнозинство, спикерот истакна дека повторно ќе се отвори расправа. Но не можеше да каже дали ќе се тргне тоа „овој закон ќе стапи во сила од следните локални избори”, зашто ако не се смени тоа, а целта на законот е да може со референдум да се отповикуваат градоначалниците ако не си ја вршат работата, ќе значи дека законот ќе се донесе за да ги заштити градоначалниците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа зависи од волјата на пратеничките групи. Штом ќе има волја, веднаш ќе биде ставен во собраниска процедура, рече тој.

Засега нема најава на отворање на Уставот по ниту едно прашање, потенцира Гаши одговарајќи на новинарско прашање околу мислењето на Венецијанската комисија дека потребни се уставни измени за поголема независност на Јавното обвинителство.

Гаши соопшти дека Предлог-буџетот за 2026 година стигнал вчера во Собранието и оти на пленарна седница ќе се најде на 9 декември, а овластените предлагачи ќе можат да достават амандани до 10 ноември.

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Continue Reading

Претходно: Наследник на Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали
Следно: Манасиевски: СДС е трета партија на политичката сцена во Македонија, дебакл на политиките на Филипче и Заев, Македонија направи вистински избор

Поврзани вести

oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11
282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

Димитар Петковски 11/04/2026 09:08
hosios_loukas_narthex_-_east_wall_right_harrowing_of_hell_03.jpg
  • Македонија

Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело

Шеталиште 11/04/2026 08:59
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 2
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08
Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата artemis-2-e1775897631880-800x450 4
  • Свет

Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата

11/04/2026 09:01
Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело hosios_loukas_narthex_-_east_wall_right_harrowing_of_hell_03.jpg 5
  • Македонија

Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело

11/04/2026 08:59

Можеби сте пропуштиле

261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно Корзо (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15
goriva-1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Шеталиште 11/04/2026 14:42
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани