Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Генерален штрајк во Германија, нема сообраќај на аеродромите, пристаништата, железницата, автобусите и метро линиите

admin 27/03/2023 00:00
Nationwide public transport strike in Germany

Работниците на аеродромите, пристаништата, железницата, автобусите и метро линиите низ поголемиот дел од најголемата европска економија, од ноќеска на полноќ, го послушаа повикот од синдикатите „Верди“ и „ЕВГ“ и учествуваат во 24-часовниот штрајк.

Железничкиот и транспортниот синдикат „ЕВГ“ и синдикатот на јавниот сектор „Верди“ денеска ќе излезат на предупредувачки мега штрајк во Германија, а превоз ќе нема како во железничкиот и воздушниот, така и во дел од водениот и копнениот транспорт.

Работниците на аеродромите, пристаништата, железницата, автобусите и метро линиите низ поголемиот дел од најголемата европска економија, од ноќеска на полноќ, го послушаа повикот од синдикатите „Верди“ и „ЕВГ“ и учествуваат во 24-часовниот штрајк.

„Верди“ на штрајк ги повика 120 000 вработени, а „ЕВГ“ 230 000 вработени во автобуските компании и железницата.

„Се очекува високо ниво на учество“,

изјави шефот на „Верди“, Франк Вернеке.
Возовите нема да сообраќаат речиси воопшто, а од аеродромите ќе работи само Берлинскиот.

Градскиот превоз треба да запре во седум од 16-те провинции.

Според аеродромското здружение „АДВ“, штрајкот ќе погоди стотици илјади патници.

„Околу 380 000 деловни и приватни патници нема да можат да летаат“,

соопштија од здружението.
Реткиот заеднички повик за штрајк во Германија означува ескалација на сè полошиот спор околу платите што доаѓа во време на зголемена инфлација. „Верди“ бара зголемување на месечните плати за 10,5 отсто, но минималното покачување да биде 500 евра, додека „ЕВГ“ бара зголемување од 12 отсто за оние што ги претставува.

Работодавачите – главно државните и компаниите од јавниот сектор – досега ги одбиваа барањата, наместо тоа нудеа зголемување од пет отсто со две еднократни исплати од 1 000 и 1 500 евра, оваа и следната година. Но, синдикатите ги одбија овие понуди.

Со овие акции синдикатот „Верди“ го зголемува притисокот врз третата рунда преговори со сојузната влада и локалните власти, која треба да започне денеска.

Сепак, некои синдикати успеаја да добијат големи зголемувања на платите.

Поштенските работници, претходно во март, добија просечни месечни зголемувања од 11,5 отсто, а во ноември „ИГ Метал“, најголемиот германски синдикат, обезбеди пораст од вкупно 8,5 отсто за речиси четири милиони вработени што ги претставува.

Како и многу други земји, Германија се бори со висока инфлација откако руската инвазија на Украина ги зголеми трошоците за храна и енергија.

Со оглед на тоа што инфлацијата достигна 8,7 отсто во февруари, работодавците ги обвинија претставниците на синдикатите дека придонесуваат за проблемот преку нивните барања за зголемени плати за кои велат дека само ќе ја потхранат инфлацијата. Синдикатите го оспоруваат ова и велат дека од нивните членови е побарано да го сносат товарот на зголемените трошоци за живот.

Continue Reading

Претходно: 50 рачни бомби од Првата светска војна пронајдени во двор во прилепско Канатларци
Следно: Проверете ги сметките – почнува предвремената исплата на мартовската пензија

Поврзани вести

img_7945-1536x1152
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

Димитар Петковски 05/09/2026 06:36
shkendija-1-2-1536x1077
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

Димитар Петковски 04/09/2026 20:56
ffm-zgrada-2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Дисциплинската комисија при ФФМ, покрена постапки против Шкендија Арачиново,Тиквеш и Македонија ЃП

Димитар Петковски 03/09/2026 13:10
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56
60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја

04/09/2026 09:43
Започна исплатата на социјалната и детската заштита за август 68997 4
  • Економија

Започна исплатата на социјалната и детската заштита за август

04/09/2026 09:40
ФЗО: 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во првата година од законските измени fzom-1 5
  • Македонија

ФЗО: 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во првата година од законските измени

04/09/2026 09:38

Можеби сте пропуштиле

Саботно кафе во Прилеп (05.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (05.09.2026)

Шеталиште 05/09/2026 17:52
IVK_7220
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (05.09.2026)

Шеталиште 05/09/2026 17:25
img_7945-1536x1152
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

Димитар Петковски 05/09/2026 06:36
shkendija-1-2-1536x1077
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

Димитар Петковски 04/09/2026 20:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани