Фудбалерчињата на тренерот, Драганчо Димитровски повторно доминираа во лигата. После минатогодишната шампионска титула освоена со импресивни бројки, генерација 2011 и оваа сезона повторно е шампион и повторно на доминантен начин.
На вкупно 21 натпревар нашите момци забележаа 17 победи, 1 нерешен натпревар и само 3 порази, притоа постигнувајќи дури 115 погодоци, а примајќи само 16. Во просек оваа генерација постигнуваше повеќе од 5 погодоци по натпревар, а сезоната ја заврши со најдобар напад и најдобра одбрана во лигата.
Континуитетот, посветената работа и огромниот талент на овие момци повторно донесоа шампионска титула, репрезентативни повици и уште една потврда дека зелено-белата иднина е светла. За издвојување е тоа што последната победа и шампионската титула екипата во голем стил му ја посвети на својот соиграч Дамјан Стрезовски, кој пред неколку денови се здоби со повреда.
Честитки до сите дечиња, тренерот Драганчо Димитровски за неговата работа која ја работи со љубов кон фудбалот и вистински спортски педагог, од новинарскиот тим на Шеталиште.мк

