Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

Герасимовски: Заедно со граѓаните ја водиме општината, партиските интереси се на страна

Шеталиште 12/10/2025 09:16
Goran Gerasimovski

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, во гостувањето на Канал 77 потенцираше дека Центар е пример како треба да се води една локална самоуправа, без политика, со работа исклучиво во интерес на граѓаните, пишува во денешното соопштение на неговиот тим, што Шеталиште го пренесува интегрално.

„Локалната самоуправа треба да се води исклучиво во интерес на граѓаните. Политиката треба целосно да се тргне настрана, така и постапувавме. Ние водевме сосема поинаков начин на функционирање во општината. Немаме мнозинство во Советот, но со домаќинско работење и добро менаџирање успеавме да покажеме дека сите добри предлози, без разлика од која советничка група доаѓаат ги вметнуваме во програмите и буџетите на општината, и потоа ги реализираме. Четири години немавме мнозинство, а претседателот на Советот е од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, функциониравме одлично“, рече Герасимовски додавајќи дека тоа било потврдено и од самите советници.

Тој, истакнува дека е среќен што овие четири години заедно со граѓаните ја водел општината, и заедно со нив е направена новата програмата.

„Со нив ќе продолжиме да ја водиме општината и понатаму, а партиите и партиските интереси ќе бидат целосно отстранети од Советот“, вели Герасимовски.

Герасимовски, потенцираше и дека неговата кампања не трае 20 дена, туку 4 години.

„Ние сме постојано на терен, ние сме секојдневно со граѓаните. Заедно со граѓаните ги креираме програмите преку буџетски форуми, преку голем број на анкети, средби во маалата. Новата програма планираме од почетокот на ноември да ја спроведуваме“, додаде Герасимовски.

Тим на Горан Герасимовски

Фото: „Фејсбук“ – страница на Горан Герасимовски

Continue Reading

Претходно: Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација
Следно: Проданоски: Изградба на два големи парка и уредување на кејот на Градска Река за зелен и урбан Прилеп

Поврзани вести

Glasanje
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026 mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

08/09/2026 04:58
ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија stadion-3-1536x1024 2
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

07/09/2026 14:07
Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично 3policija-420x240-138854-1 3
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

07/09/2026 11:07
Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар gorivo-pumpa-750x350-2 4
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

07/09/2026 11:04
Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 5
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58

Можеби сте пропуштиле

mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

Димитар Петковски 08/09/2026 04:58
stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
3policija-420x240-138854-1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

Шеталиште 07/09/2026 11:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани