Македонската „фаланга“ денеска е побогата за германецот Фин кој специјално пристигна да ја подржи македонската фудбалска репрезентација иако Данска му е сосед на неговата родна Германија тој се одлучи да го “продолжи” својот приватен живот во нашата Македонија и е чест гостин на натпреварите на Еурофарм Пелистер.Во друштво на претседателот на Е.Пелистер, Бојан Стерјев и Марко Чадиковски ги сретнавме на популарната улица во Копенхаген заедно упатувајќи се кон фан зоната на македонската фаланга во ‘Олд Ириш Паб’ која започна во 12:00 часот.
Според информации од ФФМ најавено е присуство на над 1.000 македонски навивачи, но веројатно бројот ќе биде и далеку поголем според изјавите на нашите македонски фанови кои пристигнаа од сите страни од Европа но и од Америка.
Полуфиналниот дуел Данска – Македонија се игра со почеток од 20.45 часот.

