Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Свет

Германија ги заострува правилата: Боледување само со лекарска потврда од првиот ден објави Скопје1.мк

Шеталиште 03/07/2026 07:16
germansko-zname-650x396-2

Германската влада најави серија реформи со кои значително ќе се заострат условите за користење боледување. Според новите правила, работниците ќе мора уште од првиот ден на отсуство од работа лично да посетат лекар и да обезбедат потврда дека се неспособни за работа.

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека бројот на денови поминати на боледување е превисок и дека тоа негативно влијае врз продуктивноста и конкурентноста на германската економија.

„Создаваме механизми што ќе им помогнат и на работниците и на компаниите да ја подобрат оваа состојба“, изјави Мерц, додавајќи дека телефонските потврди за боледување ќе бидат укинати.

Досега во Германија вработените можеа да отсуствуваат од работа неколку дена без лекарска потврда, а еднонеделно боледување можеше да се добие и по телефонски разговор со матичен лекар. Со новите измени, овие можности ќе бидат укинати. објави Скопје1.мк

Според канцеларот, мерките се неопходни поради значителниот пораст на боледувањата по пандемијата.

„Свесни сме дека ова не е лесна одлука, но Германија повеќе не може да си дозволи загуби во продуктивноста поради долгите отсуства од работа“, рече Мерц.

Предлогот доби поддршка од деловната заедница, но наиде на остри критики од синдикатите и лекарските здруженија. Претседателот на синдикатот „Верди“, Франк Вернеке, оцени дека владата создава „култура на недоверба кон работниците“.

Негодуваат и матичните лекари, предупредувајќи дека новите правила ќе доведат до голем притисок врз здравствениот систем, бидејќи ординациите ќе бидат преплавени со пациенти на кои не им е потребен преглед, туку одмор дома.

Овие мерки се дел од поширок пакет економски реформи што ги усвои владејачката коалиција. Покрај промените во боледувањата, пакетот предвидува даночни олеснувања во вредност од 10 милијарди евра, финансирани со повисоки даноци за најбогатите, како и постепено зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години.

Германската економија во последните години се соочува со сериозни предизвици, меѓу кои високите цени на енергијата, засилената конкуренција од Кина и неизвесноста предизвикана од американската трговска политика. Според податоците на ОЕЦД, Германија е меѓу европските земји со најголем број денови поминати на боледување, со просек од 3,6 недели годишно по вработен. објави Скопје1.мк

Continue Reading

Претходно: Променливо облачно, попладне локално невреме со дожд, ветер и град
Следно: Цената на нафтата може да падне на 60 долари за барел откако се зголеми транзитот низ Ормускиот Теснец

Поврзани вести

20260715093147
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

Шеталиште 15/07/2026 07:57
asd
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Лина Ѓорческа по 162 минути „борба“ вчера поразена на турнирот во Рим против италијанката Дебора Киеза

Димитар Петковски 14/07/2026 08:18
nafta-burinja
  • Свет

Вашингтон подготвува „економска бомба“ за Москва: 500% царини за земјите што купуваат руска нафта

Шеталиште 14/07/2026 08:17
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола FB_IMG_1784100985560 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

15/07/2026 08:55
Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени 20260715093147 2
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

15/07/2026 07:57
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата image-255811 3
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

15/07/2026 07:48
Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна FotoJet-2026-07-14T152445.168 4
  • Македонија

Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна

15/07/2026 07:45
Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола voz6-696x408-1 5
  • Македонија

Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола

15/07/2026 07:41

Можеби сте пропуштиле

IMG_5245
  • Култура
  • Настани

Ансамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвора јубилејниот Локум фест во Битола

Шеталиште 15/07/2026 11:45
FB_IMG_1784100985560
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

Димитар Петковски 15/07/2026 08:55
20260715093147
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

Шеталиште 15/07/2026 07:57
image-255811
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

Шеталиште 15/07/2026 07:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани