Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Германија: На сила стапува новиот закон за државјанство

admin 27/06/2024 00:00
german_passport-696x385-1

Во Германија од денеска (27 јуни) во сила е нов закон за државјанство. Странците сега можат побрзо да станат Германци и да го задржат пасошот на својата земја на потекло.

Kaко што јавува Дојче Веле, патот до добивање германски пасош сега е поедноставен. Новиот закон за државјанство во Германија се применува од денеска, 27 јуни 2024 година. Многумина од дванаесетте милиони странци во Германија сега може да аплицираат за германски пасош.

По пет години легален престој во Германија, странците можат да аплицираат за германско државјанство. Со „посебни постигнувања за интеграција“, тоа е можно дури и по три години. Имено, секој што може да покаже јазични вештини на високо ниво (Ц1, т.е. да може течно да се изразува), волонтерски ангажман или особено добри резултати на училиште или на работа, може побрзо да добие германски пасош. Досега, странците можеа да аплицираат за државјанство најрано после осум години.

Досегашните предуслови за стекнување државјанство остануваат на сила. Секој што сака да се натурализира и натаму мора да заработува доволно за живот. Во овој дел правилата се заоструваат, така што на лицата со ниски приходи во иднина ќе им биде потешко.

Новонатурализираните Германци треба да се заложат за заштита на еврејскиот живот, како и забрана за водење на агресивна војна. Секој што не го дели овој став, не треба да стане Германец.

На секој што лажел при натурализацијата може да му биде одземено германското државјанство во рок од десет години. Тоа веќе беше случај и досега.

Сега германскиот пасош може да го загуби и секој што не е сериозен во врска со својата посветеност на историската одговорност на Германија – на пример затоа што шири антисемитски пораки на омраза.

Новина е што секој што ќе стане Германец веќе не мора да се откаже од своето претходно државјанство. Тоа значи дека за сите мигранти е можно да имаат повеќе националности. Претходно ова беше предвидено само за луѓе од земјите на ЕУ.

На овој начин, германската влада сака да им излезе пресрет на луѓето кои се чувствуваат тесно врзани со својата земја на потекло.

Децата на странски родители добиваат германско државјанство доколку едниот родител законски престојувал во Германија повеќе од пет години. Претходно тоа беше можно само по осум години. Според студиите, колку порано децата со странски корени добиле германско државјанство, толку се поуспешни на училиште и на работа.

Но, новата регулатива не се применува ретроактивно. Тоа значи дека од ова ќе профитираат само децата родени по 27 јуни 2024 година.

Continue Reading

Претходно: Ново силно невреме од запад и се приближува на Македонија
Следно: Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј

Поврзани вести

skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Скопје гледа кон Чаир и посакува за прв триумф во елитата

Димитар Петковски 14/09/2026 10:15
filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

Димитар Петковски 14/09/2026 04:50
mkd-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Димитар Петковски 13/09/2026 12:39
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините nis_piu_motorno_gorivo1-1 1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

14/09/2026 14:16
СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана policija_1000x666-1 2
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

14/09/2026 14:04
43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност

14/09/2026 13:59
Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си policija-8 4
  • Прилеп инфо

Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си

14/09/2026 13:54
Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги 20260914152710_big_730x400_34 5
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

14/09/2026 13:52

Можеби сте пропуштиле

etna-vulkan
  • Патувањa

Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна

Шеталиште 14/09/2026 14:17
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

Шеталиште 14/09/2026 14:16
20260914094626_big_730x400_40
  • Рецепти

Вкусен ручек за целото семејство: Потпечени макарони со спанаќ

Шеталиште 14/09/2026 14:07
policija_1000x666-1
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

Шеталиште 14/09/2026 14:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани