Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Здравје

Ги запознаваме ретките болести: Карнитин палмитоилтрансфераза 2 недостаток

admin 06/02/2023 00:00
06-Carnitine-palmitoyltransferase-CPTII-deficiency-1200x675-2

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…

Карнитин палмитоилтрансфераза 2 недостаток/Carnitine palmitoyltransferase (CPTII) deficiency

MKБ Е71.3

Прeваленца (распространетост):<1-9/100.000 Карнитин палмитоилтранфераза 2 недостаток е многу ретко наследно заболување кое доведува до мускулна слабост и мијаглија. Постојат 3 форми: летална неонатална, тешка инфатилна хепатокардиомускуларна форма и миопатска форма. Во клиничката пракса најчесто се среќава миопатската форма (86 %) која се одликува со мускулна болка и слабост проследена со рекуренти епизоди на рабдомиолиза, а испровоцирани од физичка активност, постење и фебрилни состојби. Тешката инфатилна форма (8 %) се карактеризира со тешка инторлеранција при воздржување од внес на храна која доведува до хипокетотична хипоклигемија и хепатална енцефалопатија. Леталната неонатална форма (6 %) доведува до дисморфични промени на органи (на пр. цистични диспластични бубрези) и се карактеризира со фатален исход. Причини за заболување: Повеќе од 60 мутации на генот се причина за замена или бришење на аминокиселините кои доведуваат до развој на ова заболување. Болеста е генетски условена (автосомно-рецесивна) која се манифестира со нарушена оскидација на митохондријалните масните киселини со долги ланци во клетките на склетената мускулатура. Тоа доведува до намалено енергетско снабдување на склетената мускулатура со што резултира со мијалгија и мускулна слабост, а проследена е со пораст на креатинин киназа (ЦК) и миоглобинот. Болеста не е иста кај сите пациенти. Некои пациенти можат да имаат лесна форма со поретки епизоди, а пак други можат да развијат болест со тешка форма и фатални последици. Симптоми на болест: Симптомите на болеста се разликуваат во зависност од формата, но најчести симптоми на оваа болест се: Миопатска форма: – мијалгија и мускулна слабост; – кардимиопатија; – рабдомиолиза; – намалено мокрење со карактеристична боја на урина (боја на кока кола); – покачени серумски вредности на креатинин киназа (КК) и миоглобин во крв; – акутно бубрежно оштетување (АБО) со покачени вредности на деградационите продукти во крв (уреа и креатинин); – покачени хепатални ензими во крв (лактат дехидрогеназа-ЛДХ, аспартат аминотрансфераза АСТ, аланин аминотрансаминза АЛТ). Тешка инфатилна форма: – мускулна слабост; – лицеви абнормалности; – кардимиопатија, аритимија; – ецнефалопатија; – респираторни компликации; – хипогликемии; – краток животен век; – кома и ненадејна смрт. Летална неонатална форма: – дисморфични промени на органи (црн дроб, бубрези, срце); – животен век од неколку недели до еден месец; Последици од болеста: Пациентите со миопатска форма имаат нормален животен век. Но, притоа треба да избегнуваат тешки физички активности, да не се воздржуваат од внесување на храна богата со шеќери и масти, да се под лекарски надзор за време на фебрилните состојби. За разлика од миопатската форма, пациентите со тешка инфатилна и летална форма имаат краток животен век кој се одликува со тешка клиничка слика во зависнот од зафатените органи. Дијагноза: Доенчињата можат да се дијагностицираат со стандардните тестови за скриниг. За разлика од нив, пациентите со историја за појава на болеста по подолг физички напор се дијагностицираат врз основа на клиничката слика (урина со боја на кока кола) и покачените лабораторискити вредности (миоглобин, креатинин киназа, ЛДХ, АСТ, АЛТ, уреа, креатинин). Специфичен тест за дијагностицирање на болеста е иницијална тандем масс спектрометрија на серумски или плазма алкарнитин, со анализи на мутациите и мерења на активност на (CPT2) ензимот во свежи циркулирачки лимфоцити, мастоцити или фибропласти. Пренаталното дијагностицирање е базирано врз основа на комбинирани молекуларни и ензимски тестирања. Но, сепак, треба да се напомене дека постои ризик од 1/4 за развој на тешка инфатилна и летална форма и покрај спроведеното пренаталнато дијагностицирање. Третман на болеста: Третманот за сите пациенти е индивидуален. За миопатската форма постои добра прогноза. Но, веќе при појавата на првите симптоми треба да се побара консултација со лекар. Она што е важно да се потенцира е дека не постои лек што може да ја излечи болеста, туку терапија со спроведување на хигиено-диететски режим. Дијагнозата на овој синдром подлежи врз основа на клинички преглед и генетско тестирање (молекуларна анализа). Лекарот кој ја следи состојбата на пациентот препорачува да се избегнуваат тешки физички активности, да се избегнува постење (односно да нема воздржување од внесување на храна богата со масти и шеќери). Исто така се препорачува и внес на течности од 2 до 3 литри за 24 часа. Карактеристично за болеста е дека може да биде испровоцирана од тешки физички активности и фебрилни состојби. Кога болеста се враќа, често пати е придружена со истата симптоматологија и затоа веднаш треба да се побара совет од лекар. Притоа треба да се отстранат факторите што ја предизвикуваат болеста и да се зголеми внесот на течности. На сите пациенти им се препорачува да консумираат здрава, урамнотежена диета со соодветно внесување на минерали и витамини. Тешката инфатилна и неонаталната форма имаат лоша прогноза проследена со краток животен век.

Continue Reading

Претходно: Хонгконг нуди 500.000 бесплатни авиобилети за туристи од целиот свет
Следно: МНР: Двајца ученици од Македонија кои престојуваат во Турција повредени од земјотресот

Поврзани вести

astronauti
  • Живот
  • Технологија

Астронаутите од Артемис 2 ќе ја проучуваат Месечината со сопствени очи

Шеталиште 06/04/2026 14:38
Close up on running shoes Fitness women training and jogging
  • Живот
  • Здравје

Истражувања: Вишокот килограми може „да се отпешачат“, до одреден степен

Шеталиште 06/04/2026 14:36
chat-gpt-pexels-1068x712
  • Живот
  • Технологија

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак

Шеталиште 16/03/2026 17:35
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 2
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08
Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата artemis-2-e1775897631880-800x450 4
  • Свет

Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата

11/04/2026 09:01
Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело hosios_loukas_narthex_-_east_wall_right_harrowing_of_hell_03.jpg 5
  • Македонија

Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело

11/04/2026 08:59

Можеби сте пропуштиле

261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно Корзо (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15
goriva-1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Шеталиште 11/04/2026 14:42
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани