Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Карниев комплекс/Бенигна неоплазма на ендокрините жлезди

Шеталиште 25/02/2026 07:53
20260225084554_big_730x400_35

КАРНИЕВ КОМПЛЕКС/ БЕНИГНА НЕОПЛАЗМА НА ЕНДОКРИНИТЕ ЖЛЕЗДИ/ CARNEY COMPLEX (CNC)/ COMPLEXUS CARNEY

MKБ-10 D44.8

ПРЕВАЛЕНЦА

Карниевиот комплекс е многу ретко заболување, па затоа податоците во поглед на преваленцата се ограничени, но се претпоставува дека се јавува 1/1 000 000 население (приближно 750 пријавени и опишани случаи во литературата).

ВОВЕД

Карниевиот комплекс (Carney complex) е редок мултисистемски генетски синдром што најчесто се манифестира со појава на бенигни тумори, пигментни промени на кожата и нарушувања во функцијата на ендокрините жлезди. Синдромот е именуван по д-р Џ. А. Карни, кој прв го опишал овој комплекс во 1985 година. Поради неговите разновидни клинички манифестации, Карниевиот комплекс се смета за важен дијагностички предизвик и во овој случај се јавува потреба од мултидисциплинарен пристап во лекувањето. Во повеќето случаи, Карниевиот комплекс се наследува на автосомно доминантен начин, што значи дека е доволна само една мутирана копија на генот за да се појави синдромот, но можни се и спорадични случаи без семејна историја.

ЕТИОЛОГИЈА

Во повеќе од 70 % од случаите, Карниевиот комплекс е поврзан со мутации на генот PRKAR1A кој ја кодира регулаторната подединица R1alpha на протеин киназа А. Мутацијата c.709-7del6 е главно поврзана со изолирана PPNAD, а мутацијата c.491-492del е поврзана со почести срцеви миксоми, лентигини и тумори на тироидната жлезда. Опишани се и штетни варијанти на PDE11A кај пациенти со PRKAR1A-мутации, со почести PPNAD и тумори на тестисите. Мутација на трипликација на герминативните линии што вклучува PRKACB, генот што ја кодира каталитичката подединица бета на протеинот киназа А, е опишана кај млада жена со акромегалија, лентигини и миксоми која не поседувала мутација на PRKAR1A.

СИМПТОМИ И ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ

Клиничката слика на Карниевиот комплекс е многу разновидна и може да се разликува меѓу пациентите, но најчестите симптоми вклучуваат:

–  кожни промени – хиперпигментирани дамки, како кафеави макули (кафеава боја) или сини невуси, кои најчесто се појавуваат на лицето, вратот и рацете;

–  миксоми – овие се бенигни тумори што можат да се појават на кожата, срцето (особено атриумите), дојките или мукозните мембрани; срцевите миксоми се доста опасни бидејќи можат да доведат до опструкција на срцевите комори, тромбоза или емболија;

–  ендокрини тумори и нарушувања – надбубрежни тумори што доведуваат до Кушингов синдром поради прекумерна продукција на кортизол; пациентите можат да имаат и акромегалија (прекумерен раст на коските и ткивата) и дисфункција на тироидната жлезда;

–  тумори на тестисите и овариумите – тие можат да се појават како пигментни нодули и да доведат до нарушување на репродуктивните функции;

–  неоплазии на централниот нервен систем – иако ретко, можат да се појават тумори на хипофизата или на други делови од мозокот.

 

Дијагностицирањето се прави врз основа на присуството на двете главни карактеристики (периорфикални летигини, миксоми или PPNAD) или една главна карактеристика со дополнителен критериум, како што е мутација на PRKAR1A или засегнат роднина од прв степен. Пациентите со Карниев комплекс, или со генетска предиспозиција за Карниевиот комплекс треба да имаат редовен скрининг за манифестации на болеста, најмалку еднаш годишно кај сите пациенти. Сепак, при дијагностицирањето треба да се внимава и на диференцијалните дијагнози, особено во случаите кога PPNAD може да се изолира без други манифестации на Карниевиот комплекс и без генетска варијанта на PRKAR1A, или да биде дел од класичен Карниев комплекс поврзан со друга главна карактеристика, како лентигиноза и/или миксом.

ПОСЛЕДИЦИ

Последиците од Карниевиот комплекс се различни и зависат од тоа кои органи се погодени. Срцевите миксоми можат да предизвикаат сериозни компликации, како што се срцеви блокади, аритмии и срцева слабост, кои можат да бидат опасни по живот. Надбубрежните тумори и хормоналните нарушувања можат да доведат до метаболитички нарушувања и зголемен ризик од дебелина, дијабетес и хипертензија. Долгорочната прогноза зависи од раното откривање и успешноста на третманот на туморите и хормоналните нарушувања.

ТРЕТМАН

При лекувањето на Карниевиот комплекс се јавува потреба од индивидуален пристап, кој вклучува:

–  хируршка интервенција – отстранување на миксомите и другите тумори; за срцевите миксоми, операцијата е приоритетна во поглед на спречување на срцевите компликации;

–  мониторинг и дијагностички тестови – редовни ултразвучни прегледи, ехокардиографии, МРИ и компјутерски томографии за следење на растот и развојот на туморите и другите абнормалности;

–  ендокринолошка терапија – за пациентите со ендокрини нарушувања, третманот може да вклучува лекови за регулирање на хормоните и намалување на симптомите, како и супресивна терапија за некои ендокрини тумори;

–  билатералната адреналектомија – најчестиот третман поради PPNAD;

–  генетско советување – околу 70 % од случаите се фамилијарни со автосомно доминантен пренос, па затоа за пациентите и нивните семејства од голема важност се процената на ризикот од наследување и поддршката во планирањето на семејството.

 

Редовната медицинска грижа и мултидисциплинарниот пристап овозможуваат подобра контрола на симптомите и подобрување на квалитетот на животот на пациентите со Карниевиот комплекс.

фото/илустрација

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (25.02.2026)
Следно: Посна овесна каша со банана и јаткасти плодови

Поврзани вести

20260226084752_big_730x400_92
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Сјогренов синдром

Шеталиште 26/02/2026 08:55
20260221085558_big_730x400_36
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Алкаптонурија/болест на црна урина

Шеталиште 21/02/2026 08:50
20260220084729_big_730x400_10
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Конгенитален синдром на Хорнер

Шеталиште 20/02/2026 08:26
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре thessaloniki-e75-750x375 1
  • Балкан

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

12/03/2026 12:06
Златото денеска се продава по 144 евра за грам zlato-960x540-1 2
  • Економија

Златото денеска се продава по 144 евра за грам

12/03/2026 10:55
Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа dsc_1520-1536x1133 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

12/03/2026 10:44
Денес се празнува Свети Агатангел Битолски sv-agatangel-594x460 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Агатангел Битолски

12/03/2026 10:21
Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“ 20260312102727_big_730x400_26 5
  • Македонија

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“

12/03/2026 10:16

Можеби сте пропуштиле

thessaloniki-e75-750x375
  • Балкан

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

Шеталиште 12/03/2026 12:06
zlato-960x540-1
  • Економија

Златото денеска се продава по 144 евра за грам

Шеталиште 12/03/2026 10:55
dsc_1520-1536x1133
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

Димитар Петковски 12/03/2026 10:44
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (12.03.2026)

Шеталиште 12/03/2026 10:37

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани