Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Кокејнов синдром

Шеталиште 11/02/2026 08:19
20260210230325_big_730x400_34

КОКЕЈНОВ СИНДРОМ/ COCKAYNE SYNDROME/ NEILL–DINGWALL SYNDROME
MKБ-10 Q87.1

ПРЕВАЛЕНЦА – непозната

ВОВЕД
Кокејнов синдром е ретко заболување кое се карактеризира со абнормално мала големина на главата, неуспех за напредок во висина и тежина што доведува до џуџест раст и одложен развој. Заболените со ова нарушување покажуваат уникатни карактеристики на лицето, вклучително и вдлабнати очи, клунест нос и истакнати уши, а исто така доживуваат прогресивна деменција. Знаците и симптомите за оваа состојба обично се видливи уште од детството и тие се влошуваат со текот на времето. Кокејновиот синдром се дели на типови I, II и III врз основа на сериозноста и возраста од почетокот на симптомите.

ЕТИОЛОГИЈА
Синдромот е предизвикан од промени (патогени варијанти) во гените ERCC6 (CSA) и ERCC8 (CSB). Овие гени се вклучени во нормалната поправка на ДНК што се јавува по оштетување од ултравиолетовата светлина и сочинуваат околу 70 % од случаите со генската мутација ERCC6 (CSA). Изложеноста на ултравиолетовата компонента на сончевата светлина, зрачењето и слободните радикали во телото ја оштетува ДНК и бидејќи клетките веќе не се во можност да ја поправат оштетената ДНК, таа се акумулира во клетките. Протеините направени од овие гени се вклучени во поправка на оштетената ДНК преку механизмот за поправка поврзана со транскрипција, особено ДНК во активните гени. Ако генот ERCC6 или ERCC8 е изменет (како кај Кокејнов синдром), оштетувањето на ДНК што се сретнува за време на транскрипцијата, не се поправа, предизвикувајќи РНК-полимеразата да биде позиционирана на таа локација, попречувајќи ја генската експресија. Како што се акумулира несанираното оштетување на ДНК, така е попречена прогресивно-поактивната генска експресија, што доведува до дефект на клетките или клеточна смрт, што веројатно придонесува за знаците на Кокејнов синдром, како што се предвремено стареење и невронска хипомиелинизација. Кокејновиот синдром се наследува автосомно рецесивно и ризикот е ист за машките и женските пациенти.

СИМПТОМИ И ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ
Карактеристични симптоми на Кокејнов синдром се:
– нарушувања на растот и физичките карактеристики – прогресивното ограничување на растот се јавува на возраст од 1 до 2 години и се карактеризира со неуспех за напредок и микроцефалија; како што стареат децата, тие го губат поткожното масно ткиво, што резултира со прерано стареење на лицето и дисморфни карактеристики, како што се истакнати уши, вдлабнати очи, клунест нос и карактеристично тело со тенки екстремитети;
– невролошки нарушувања и интелектуален развој – невролошките манифестации постепено напредуваат и произлегуваат од демиелинизација; засегнатите деца можат да изразат низа симптоми, вклучително и прогресивно сензоневрално губење на слухот што доведува до длабока глувост, интелектуални попречености, тешкотии при одење, нестабилно одење, лоша рамнотежа, епилепсија во некои случаи, напорен и неразбирлив говор и полиневропатии, притоа најчеста е сензомоторната демиелинизирачка полиневропатија;
– наоди на кожата – тенка и чувствителна кожа, која пациентите ги прави подложни на тешки изгореници од сонце; cупкутаната липоатрофија придонесува за развој на вдлабнати очи и предвремено стареење на прогеричен изглед; вообичаените наоди вклучуваат цијанотични акрални едеми на екстремитетите, дистрофии на ноктите и аномалии на косата;
– абнормалности на забите – мали, неправилни и ненормално распоредени, повеќе склони кон кариес отколку просечната популација;
– мускулно-скелетни – спастичност на нозете, атаксија и контрактури во колковите, колената и глуждовите, издолжени екстремитети, преголеми шаки и стапала;
– окуларни – често се јавуваат пигментирана ретинопатија, оптичка атрофија, миотични зеници, страбизам, катаракта, блефарокератоконјуктивитис и нистагмус;
– ендокрината дисфункција – хипогонадизам кај мажите, кој се јавува во околу 30 % од случаите и неправилна менструација кај жените како резултат на ендокрина дисфункција.

Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, клиничките карактеристики и резултатите од тестовите кои во себе вклучуваат:
– генетско тестирање – со помош на примерок до крв се испитува постоењето на мутациите на генот ERCC6 или ERCC8;
– биопсија на кожа;
– МРИ на мозок – може да се открие евентуално постоење на дифузна хипомиелинизација на церебралната бела материја, калцификации во путаменот и вермиска атрофија.

ПОСЛЕДИЦИ
Последиците вклучуваат абнормално висок крвен притисок (хипертензија), бубрежна инсуфициенција, предвремена атеросклероза, гастроезофагеален рефлукс, прогресивна периферна моторна и сензорна невропатија што предизвикува потешкотии при одењето, интелектуална попреченост, доцнење во развојот, неуспех на растот, прогресивна пигментна ретинопатија, катаракта, сензоневрален губиток на слухот, зглобни контрактури, атаксија, тремор, напади, спастичност. Повеќето заболени имаат зголемена чувствителност на сончева светлина и сериозна реакција на антибиотик, наречен метронидазол, како и прерана смрт.

ТРЕТМАН
Децата со сомнение за овој синдром се подложни на мултидисциплинарна евалуација, вклучувајќи клинички преглед, лабораториски и имиџинг-студии, првенствено за да се исклучат другите дијагнози. Сеопфатната евалуација вклучува генетски испитувања, офталмолошки преглед со електроретинографија, невролошки со електроенцефалографија и студии за нервна спроводливост, како и гастроинтестинални, аудиолошки, дерматолошки, стоматолошки и ендокринолошки испитувања.
Третманот на Кокејнов синдром е симптоматски и поддржувачки. Пристапот може да вклучува специјално образование, физикална терапија и други медицински, социјални и/или стручни услуги. Се препорачува генетско советување за членовите на семејството.
Децата со тип I обично одржуваат добри комуникациски вештини и покрај болеста. Се препорачува поттикнување на социјализација и образование соодветно на возраста. Од друга страна, децата со тип II се соочуваат со ограничени можности за интеракција со нивната околина поради сериозноста на сензорните и интелектуалните оштетувања, а смртта обично се случува во првата деценија. Спротивно на тоа, пациентите со тип III покажуваат релативно нормален ран развој, посетувајќи формално образование. Сепак, визуелните и аудитивните оштетувања, заедно со слабоста, се развиваат во адолесценцијата.

фото/илустрација

Continue Reading

Претходно: Министерот Андоновски и градоначалникот Проданоски на „Ден на побезбеден интернет“ во Прилеп
Следно: Регионот и натаму се тресе – серија слаби земјотреси по силниот потрес

Поврзани вести

text___max_1003_564-28
  • Здравје

Д-р Трпчевски откри редок случај: Жена на 58 години остана бремена со тројка по ин витро оплодување

Шеталиште 09/06/2026 08:37
featured-vietnamese-chicken-and-rice
  • Здравје

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Шеталиште 14/05/2026 11:30
Вовлекување-стомак
  • Здравје

Ракот кај младите расте, вишокот килограми е дел од индикаторите

Шеталиште 29/04/2026 11:02
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денес се празнува Светата маченичка Теодосија Тирска sv-teodosija 1
  • Македонија

Денес се празнува Светата маченичка Теодосија Тирска

11/06/2026 07:22
И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер Soncevo_0-1 2
  • Македонија

И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер

11/06/2026 07:12
Се заканува ли најсилниот Ел Нињо досега? el-ninjo 3
  • Свет

Се заканува ли најсилниот Ел Нињо досега?

10/06/2026 19:37
Морето во Солун целосно ја промени бојата, се шири непријатна миризба more-solunfb-696x368 4
  • Балкан

Морето во Солун целосно ја промени бојата, се шири непријатна миризба

10/06/2026 19:33
За викендов се најавени гужви накај Халкидики – ќе се вози низ Солун, се работи на обиколницата grcija-rabotnici-patista-gradezni 5
  • Балкан

За викендов се најавени гужви накај Халкидики – ќе се вози низ Солун, се работи на обиколницата

10/06/2026 19:28

Можеби сте пропуштиле

sv-teodosija
  • Македонија

Денес се празнува Светата маченичка Теодосија Тирска

Шеталиште 11/06/2026 07:22
Soncevo_0-1
  • Македонија

И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер

Шеталиште 11/06/2026 07:12
svetsko-prvenstvo
  • Фудбал

Почнува Светското фудбалско првенство 2026

Шеталиште 11/06/2026 07:11
el-ninjo
  • Свет

Се заканува ли најсилниот Ел Нињо досега?

Шеталиште 10/06/2026 19:37

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани