Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Синдром на жену

Шеталиште 19/02/2026 07:56
20260219082453_big_730x400_87

СИНДРОМ НА ЖЕНУ/ ЖЕНУ-АСФИКСИЈАЛНА ТОРАКАЛНА ДИСТРОФИЈА/

JEUNE SYNDROME/ JEUNE ASPHYXIATING THORACIC DYSTROFY

MKБ-10 Q77.2

ПРЕВАЛЕНЦА – забележан кај приближно 1/100 000 до 1/130 000 живородени деца.

ИНЦИДЕНЦА – од 1–5/500 000 раѓања.

ВОВЕД

Синдромот на Жену, познат и како асфиксијален торакален дистофичен синдром, е ретка генетска болест која влијае на развојот на ребрата и градниот кош. Синдромот води до абнормален развој на градниот кош, што може да го ограничи растот на белите дробови и да предизвика респираторни проблеми. Кај новороденчињата, овој синдром често води до тешкотии со дишењето поради стеснетиот граден кош, што ја намалува способноста на белите дробови да се прошират правилно. Кај лицата со овој синдром често се појавуваат и други скелетни абнормалности, вклучувајќи скратени коски на рацете и нозете, како и проблеми со функцијата на бубрезите. Состојбата се наследува на автосомно рецесивен начин, што значи дека двајцата родители мораат да носат копија од мутираниот ген за нивното дете да биде засегнато од синдромот.

ЕТИОЛОГИЈА

Синдромот на Жену е наследно заболување кое предизвикува физички аномалии и респираторни проблеми, а главните причини за неговото развивање вклучуваат генетски мутации и наследни механизми. Молекуларната основа на синдромот е делумно разјаснета што укажува на инволвираност/вклученост на гените IFT80 (3q25.33), DYNC2H1 (11q22.3), WDR19 (4p14) и TTC21B (2q24.3), од кои секој кодира по некој интрафлагеларен транспортен протеин, кој потврдува дека овој синдром припаѓа на групата цилопатии. Мутациите во другите гени, исто така, можат да бидат вклучени во болеста и останува истите да се идентификуваат. Синдромот на Жену се наследува на автозомно-рецесивен начин, што значи дека детето мора да наследи две копии од мутираниот ген, една од секој родител, за да развие синдром. Ако само еден родител е носител на мутираниот ген, детето обично нема симптоми, но може да биде носител на мутацијата. Иако генетските мутации се главни причинители за развој на овој синдром, истражувањата покажуваат дека некои фактори од животната средина, како токсини или инфекции, играат улога во развојот на синдромот, но не е целосно докажано.

СИМПТОМИ И ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ

Синдромот на Жену е препознатлив во антенаталниот период или веднаш при раѓање. Во ретки случаи, може да биде присутна и постаксијална полидактилија. Тесниот граден кош може да предизвика неонатална респираторна инсуфициенција и може да биде поврзан со постојани респираторни манифестации. Некои случаи се тешки, додека други имаат бениген тек. Стапката на раст е променлива, но може да биде речиси нормална. Забележани се хепатална и бубрежна инсуфициенција во ретки случаи (фиброза на црниот дроб или нефронофтиза) кои се јавуваат на која било возраст. Може да се забележи и ретинална пигментна дегенерација. Додека пак, интелектуалниот развој е нормален.

Симптомите варираат во зависност од интензитетот и типот на синдромот:

–          низок раст, пократки прсти на екстремитетите или дополнителни прсти на рацете и нозете (полидактилија);

–          аномалии на граден кош, како што се респираторни проблеми и аномалии во структурата на ребрата кои можат да влијаат на респираторната функција;

–          респираторни проблеми, проблеми со дишењето поради недостаток на развој на белите дробови или хипоплазија, со што се јавува потреба за респираторна поддршка;

–          срцеви аномалии – многу деца со овој синдром развиваат срцеви аномалии, што може да вклучува структурни проблеми со срцето;

–          аномалии во развојот на бубрезите;

–          мускулна слабост (хипотонија) што може да влијае на моторичката способност на детето.

Дијагнозата се заснова на радиолошки наоди: кратки ребра, абнормална морфологија на карлица, со хоризонтален покрив на ацетабуларниот покрив и троен формиран аспект. Рацете се нормални или кратки со можни епифизи во форма на конус во фалангите. Диференцијалната дијагноза може да вклучува тораколарингопелвична дисплазија, Елис-ван Кревелдов синдром, Сенсенбренеров синдром и татковска еднородителска дисомија на хромозомот 14, па затоа медицинските тимови треба да внимаваат при дијагностицирањето и при донесување на конечната одлука.

ПОСЛЕДИЦИ

Прогнозата е многу променлива во зависност од висцералните асоцирани болести, а ризикот од тешки респираторни компликации се намалува по 2-годишна возраст. Децата можат да развијат висок крвен притисок, заболување на црниот дроб, цисти на панкреасот, абнормалности на забите и ретинална дистрофија, болест на очите што може да доведе до губење на видот, мускулна слабост, како и физички аномалии.

ТРЕТМАН

Третманот на овој синдром е комплексен, индивидуален и обично вклучува мултидисциплинарен пристап, со цел да се управува со симптомите и да се подобри квалитетот на животот на пациентите. Поради тоа што синдромот вклучува различни здравствени проблеми, третманот треба да биде прилагоден на специфичните потреби на секое дете. Респираторната поддршка е една од најважните аспекти на третманот. Децата со овој синдром често имаат недоволно развиени бели дробови и аномалии во градниот кош, што доведува до проблеми со дишењето. Во многу случаи, потребна е респираторна поддршка, како што се кислородна терапија или механичката вентилација.

Следењето на бубрежната функција е од големо значење, а во случаи на бубрежна инсуфициенција може да се јави потреба од третман, вклучувајќи дијализа или трансплантација на бубрег. Исто така, од клучно значење се систематското следење на респираторната функција и интервенциите во зависност од потребите на детето. Многу деца со овој синдром имаат аномалии на срцето, па од голема важност е да се следи кардиоваскуларното здравје, а во некои случаи може да биде потребна хируршка интервенција за корекција на срцевите аномалии. Поради мускулната слабост и хипотонија, децата со синдромот на Жену можат да имаат потешкотии со развојот на моторичките способности, а физикалната терапија може да биде од голема помош во подобрувањето на моторичките вештини, сила и координација. Оваа терапија е од голема помош за детето да може понатаму да ги извршува секојдневните активности. Во случаи на сериозни физички аномалии, како што се деформации на екстремитетите или градниот кош, можат да се направат и оперативни интервенции.

Поддршката од психолозите може да помогне во справувањето со предизвиците и во подобрувањето на самопочитта и социјалните вештини на детето. Децата можат да имаат потреба од специјализирана образовна програма или адаптација на училиште.

фото/илустрација

Continue Reading

Претходно: Грција под влијание на силни ветрови, одложени летови и блокирани линии кон островите
Следно: Започна Рамазанскиот пост

Поврзани вести

20260226084752_big_730x400_92
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Сјогренов синдром

Шеталиште 26/02/2026 08:55
20260225084554_big_730x400_35
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Карниев комплекс/Бенигна неоплазма на ендокрините жлезди

Шеталиште 25/02/2026 07:53
20260221085558_big_730x400_36
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Алкаптонурија/болест на црна урина

Шеталиште 21/02/2026 08:50
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре thessaloniki-e75-750x375 1
  • Балкан

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

12/03/2026 12:06
Златото денеска се продава по 144 евра за грам zlato-960x540-1 2
  • Економија

Златото денеска се продава по 144 евра за грам

12/03/2026 10:55
Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа dsc_1520-1536x1133 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

12/03/2026 10:44
Денес се празнува Свети Агатангел Битолски sv-agatangel-594x460 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Агатангел Битолски

12/03/2026 10:21
Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“ 20260312102727_big_730x400_26 5
  • Македонија

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“

12/03/2026 10:16

Можеби сте пропуштиле

thessaloniki-e75-750x375
  • Балкан

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

Шеталиште 12/03/2026 12:06
zlato-960x540-1
  • Економија

Златото денеска се продава по 144 евра за грам

Шеталиште 12/03/2026 10:55
dsc_1520-1536x1133
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

Димитар Петковски 12/03/2026 10:44
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (12.03.2026)

Шеталиште 12/03/2026 10:37

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани