Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Ги славиме Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета

Шеталиште 18/09/2026 06:56
crkva-1-1

Родители на светиот Јован Претеча. Захарија беше син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот Ерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на Совија, сестрата на света Ана, мајката на Пресвета Богородица.

Во времето на царот Ирод детеубиецот, еден ден кога Захарија служеше според својата чреда во Ерусалимскиот храм, во олтарот му се јави Ангел Божји, од когошто Захарија се уплаши, објави 4news.mk А Ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија“ (Лк. 1). И му објави Ангелот дека неговата жена Елисавета ќе роди син, според нивните молитви. А беа обајцата стари, и Захарија и Елисавета. Кога Захарија се посомнева во зборовите на небесниот известител, Ангелот му рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога.“

И онеме Захарија од тој миг, и не проговори додека не му се роди синот и додека не напиша на табличка: „Јован му е името.“ Тогаш му се отвори устата и Го величаше Бога. Подоцна, кога се роди Господ Исус и кога Ирод почна да ги убива децата во Витлеем, Ирод испрати да го најдат и синот на Захарија и да го убијат. Бидејќи Ирод имаше чуено за сè што му се случи на Захарија и како се роди Јован. Кога ги виде војниците, Елисавета го зеде Јован на раце – тогаш имаше една и пол година – и побегна со него од дома, и бегаше по каменливи и пусти места. Гледајќи ги војниците како ја гонат, таа повика кон гората: „Горо Божја, прими ја мајката со дете!“ И се отвори карпата и ги скри во себе мајката и детето. Ирод, разјарен затоа што не го заклаа Јован, нареди да го заколат Захарија пред олтарот. Крвта на Захарија се истури врз мермерот и се стврдна како камен, та остана така како сведоштво за злосторството на Ирод.

А таму каде што се скри Елисавета со Јован, се отвори пештера и потече вода и со Божја сила израсна плодородна палма. Четириесет дена по смртта на Захарија се упокои и блажената Елисавета. И остана младенецот Јован во пустината, хранет од Ангел и чуван од Божјата Промисла до оној ден кога требаше да се јави на Јордан.

Continue Reading

Претходно: По седми пат во Прилеп ќе се одржува фестивалот на детски театар „Силјан Штркот“
Следно: Светот стравува од второ енергетско тесно грло – Катар предупредува на катастрофално сценарио

Поврзани вести

82460
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

Шеталиште 10/11/2026 08:03
Zgrada-na-Sobranieto
  • Македонија

Седници на две собраниски комисии

Шеталиште 10/11/2026 08:01
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Шеталиште 10/11/2026 07:57
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие 82460 1
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

10/11/2026 08:03
Седници на две собраниски комисии Zgrada-na-Sobranieto 2
  • Македонија

Седници на две собраниски комисии

10/11/2026 08:01
Денеска променливо облачно време со сончеви периоди oblacno-vreme-1 3
  • Македонија

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

10/11/2026 07:57
Регионалната комора иницира нови партнерства за посилна бизнис-заедница и општествен развој на Битола sostanok Regionalna komora Bitola 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Економија

Регионалната комора иницира нови партнерства за посилна бизнис-заедница и општествен развој на Битола

10/11/2026 07:19
Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип Screenshot_20261109_091718_Facebook 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

09/11/2026 18:45

Можеби сте пропуштиле

Gold Felicia Italian week
  • Промо

Вкусовите на Италија пристигнуваат во Голд Фелициа – Битола!

Шеталиште 10/11/2026 08:49
82460
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

Шеталиште 10/11/2026 08:03
20261110081828_big_730x400_96
  • Филм

Шварценегер организира „потрага по богатство“ во Виена

Шеталиште 10/11/2026 08:03
Zgrada-na-Sobranieto
  • Македонија

Седници на две собраниски комисии

Шеталиште 10/11/2026 08:01

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани