Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
Glasanje

Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат својот глас во нивните домови, а ќе гласаат и притворените и затворениците, жители на овие општини. Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА посочуваат дека се е подготвено за повторените избори.

Во Гостивар за гласање се пријавени 146 болни и изнемоштени лица, а во затворите треба да гласа 81 лице. Во Маврово Ростуше прифатени се барањата на 69 болни лица за гласање, и двајца затвореници. Во Врапчиште пријавени се 32 болни, а во затворите треба да гласаат 11 жители од оваа општина. Во Центар Жупа пријавени се само двајца болни.

Во Гостивар право на глас имаат 82 870 граѓани, а од нив 78 185 гласачи се постојани жители на општината, додека во посебниот Избирачки список за лица кои живеат во странство се запишани 4 604 гласачи. Во Избирачкиот список за Маврово Ростуше се запишани 10 575, од кои во посебниот Избирачки список за жители во Општината 9 622, во странство 951. Во Врапчиште запишани се 27 279 граѓани со право на глас, 26 318 во посебниот Избирачки список за жители од Општината, во посебниот ИС за гласачи кои живеат во странство – 950. Бројот на гласачи во Центар Жупа запишани во Избирачкиот список се 7 562, од нив 6 305 во оштината, во посебниот ИС за гласачи во странство се запишани 1 257 лица.

Гласањето утре започнува во 7:00 часот, а завршува во 19:00 часот.  Гласачите на Избирачките места ќе се идентификуваат со важечки лични документи – лична карта или пасош, а исто така нивниот идентитет ќе се потврди и со апаратите за биометриска идентификација.

Согласно членовите 132, 132а и 133 од Изборниот законик на повторените избори не е потребна излезност од една третина на гласачите туку за да се избере градоначалник треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи, вклучувајќи ја и Центар Жупа каде што има само еден кандидат.

Кандидати за градоначалник на Гостивар се Невзат Бејта, од коалицијата Вреди и независниот Ваљбон Лимани поддржан од НАИ. Во Врапчиште кандидати за градоначалник се Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири поддржан од
Група избирачи. Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник и тоа Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците. Во Маврово и Ростуше, пак, има двајца кандидати и тоа Онер Јакупоски, поддржан од Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ и Анес Ахмети, кандидат на СДСМ.

Изборите за градоначалник во овие четири општини се повторуваат бидејќи на Локалните избори 2025 таму немаше доволен број граѓани излезени на гласање.

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини во првиот круг на 19 октомври лани не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни.

Во Гостивар одѕивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49 проценти.

Ова се последни избори за овој состав на Државната изборна комисија. Нивниот мандат завршува на 15 јануари односно до изборот на нов состав на Комисијата.

Фото: МИА архива 

Continue Reading

Претходно: Обилните врнежи предизвикаа одрони и локални поплави, службите во постојана готовност
Следно: ЦУК: Крушево со заматена вода за пиење по поројните врнежи, службите интервенираат и во другите делови од земјата

Поврзани вести

izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со Скопје и 54 општини, ВРЕДИ со 9, СДСМ 6, НАИ 4, ЗНАМ и УР по 1, а во една независен кандидат

Шеталиште 03/11/2025 14:56
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција mickoski 1
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

13/05/2026 12:03
Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО gob-8-septemvri 2
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

13/05/2026 12:01
Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран Ljupco Nikolovski 3
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

13/05/2026 11:59
Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик kuce-aerodrom 4
  • Вести
  • Свет

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

13/05/2026 11:57
Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето evrosong-italija-germanija 5
  • Вести
  • Свет

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето

13/05/2026 11:55

Можеби сте пропуштиле

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
drvo-sibir
  • Забава
  • Занимливости

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир

Шеталиште 13/05/2026 11:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани