Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

„Гласната тишина“ – панел-дискусија за семејното насилство во семејства со лице со аутистичен спектар

Шеталиште 30/08/2026 12:12
IMG_6109

Во Битола на 3 септември ќе се одржи панел-дискусијата „Гласната тишина“, посветена на семејното насилство во семејства во кои живее лице со аутистичен спектар. Настанот ќе започне во 18 часот во салата на кино „Манаки“.

Организатор е Здружението на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни „Рилука“ – Битола, а целта е да се отвори професионален и јавен разговор за тема за која, како што посочуваат организаторите, премногу често се молчи.

Фокусот ќе биде ставен на раната превенција и препознавањето на ризиците, психолошката и социјалната поддршка на семејството, заштитата на лицата со аутистичен спектар, како и потребата од координирана реакција на институциите и стручните служби.

„Аутизмот не е причина за насилство. Сепак, комплексните потреби, хроничниот стрес, исцрпеноста, финансискиот и емоционалниот товар и недостатокот од соодветна поддршка можат да придонесат кон зголемен ризик од семејна криза. Разбирањето на причините не значи оправдување на насилството. Разбирањето е предуслов за превенција“, порачуваат организаторите.

Настанот ќе започне со проекција на краткометражен филм кој ги обработува семејните односи во семејство со лице со аутистичен спектар, насилството и неговото влијание врз детето.

Потоа ќе следува панел-дискусија посветена на психолошкото насилство во семејството, со посебен акцент на децата со атипичен развој. Ќе се разговара за препознавањето на невидливите форми на насилство, последиците врз развојот и благосостојбата на децата, улогата на семејството и одговорноста на институциите и заедницата.

На панелот ќе учествуваат стручни лица од повеќе области – психолози, специјален едукатор и рехабилитатор, психотерапевт, полициски инспектори за семејно насилство и малолетничка деликвенција, претставник од Центарот за социјална работа, педијатар и адвокат.

Меѓу учесниците се: Драгана Кирковска, Елеонора Серафимовска, Маргарита Николовска, Наташа Бекирова, Бети Бошкова, Зана Богоевски, Марина Ѓорговска, Марија Димовска и Мартина Ристеска-Златевска.

По завршувањето на панел-дискусијата е предвиден коктел за присутните и можност разговорот да продолжи во неформална атмосфера.

„Насилството не секогаш остава видливи траги. Понекогаш се крие во стравот, молкот, променетото однесување, постојаната напнатост и чувството дека никој не слуша. Нашата цел не е само да зборуваме за тоа што се случува кога насилството веќе постои, туку и да се прашаме што можеме да направиме пред да стигнеме до таму“, велат од „Рилука“.

Настанот е поддржан од Општина Битола, Фондацијата „Д-р Верица Механџинска“ и Комората на психолози.

Continue Reading

Претходно: Македонија подготвена за натпреварот против Австрија за пласман на Европското првенство во 2029 година
Следно: Македонија дојде до убедлива победа над Австрија (91:59) во втората претквалификациска рунда (Фото)

Поврзани вести

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани