Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Свет

Глобалната воздухопловна индустрија влегува во најтешката криза од пандемијата

Шеталиште 02/04/2026 07:11
avion

Затворањето на Ормускиот теснец поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран предизвика сериозен потрес на глобалниот пазар на нафта, што директно ја погоди авиоиндустријата и доведе до драматичен раст на цените на горивото и авионските билети.

Цената на авионското гориво во февруари изнесувала околу 96 долари по барел, а до 20 март се искачила на 197 долари, што е повеќе од двојно зголемување за само еден месец. Овој скок веднаш се одразил врз трошоците на авиокомпаниите – полнењето на авион како „Боинг 737-800“ поскапело од околу 17.000 на над 27.000 долари за краток период.

Според Business Insider, дваесетте најголеми авиокомпании изгубиле околу 53 милијарди долари пазарна вредност од почетокот на конфликтот, иако пред тоа индустријата очекувала рекордни профити од 41 милијарда долари оваа година. Извршниот директор на United Airlines, Скот Кирби, веќе најави укинување на околу пет проценти од планираните летови.

Аналитичарите предупредуваат дека авиокомпаниите се соочуваат со сериозен парадокс – повисоките цени на билетите ја намалуваат побарувачката, токму во момент кога им е најпотребна за да ги покријат зголемените трошоци. Експертот Ригас Доганис оценува дека станува збор за „егзистенцијален предизвик“, додека Deutsche Bank предупредува дека без брзо олеснување, можно е приземјување на илјадници авиони и прекин на работата кај послабите превозници.

Покрај високите цени, проблем претставува и недостигот на гориво. Извршниот директор на TotalEnergies, Патрик Пујане, предупреди дека кризата веќе се шири од Азија кон Европа и може да има сериозни последици за потрошувачите.

За европските патници, летувањето оваа година станува сè понеизвесно. Директорот на EasyJet, Кентон Џарвис, изјави дека компанијата може да гарантира летови само за неколку недели однапред.

Податоците на Official Airline Guide покажуваат дека цените на билетите во првите два месеци од 2026 година веќе се зголемени за 24 проценти, а на популарните туристички линии се очекува дополнителен раст од 10 до 20 проценти.

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека земјите кои не се приклучуваат кон политиката на Вашингтон кон Иран „нема да можат да добијат авионско гориво“, што дополнително ја зголемува неизвесноста на пазарот.

Во меѓувреме, Европската комисија разгледува мерки за справување со енергетската криза, вклучително и ограничување на цените и намалување на даноците, додека енергетскиот комесар Дан Јоргенсен предложи граѓаните да патуваат помалку за да се заштеди гориво.

Авиоиндустријата и претходно се соочувала со кризи, но оваа, според експертите, се издвојува по својата сложеност – нарушени рути, недостиг на гориво и огромни финансиски загуби. За патниците, пораката е јасна: билетите ќе бидат поскапи, летовите поретки, а неизвесноста ќе продолжи. објави Скопје1.мк

Continue Reading

Претходно: Ученици од земјава ќе учествуваат на Олимпијада за роботски спортови на грчкиот остров Крит
Следно: Полицијата утрово со акција за детска порнографија: Претреси на седум локации, во Битола, Охрид и Струмица

Поврзани вести

Lufanza-avioni-730x375-1
  • Свет

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза

Шеталиште 15/04/2026 07:26
Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04
  • Свет

Германија, Италија, Франција и Шпанија го одбија повикот на Трамп за заедничка блокада на Ормутскиот теснец

Шеталиште 14/04/2026 07:29
Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04
  • Свет

САД започнаа со блокада на пристаништата во Иран

Шеталиште 14/04/2026 06:10
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица policija-8 1
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

15/04/2026 13:01
Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена VODOVOD - BITOLA 2
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

15/04/2026 11:51
Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола IMG_2655 3
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

15/04/2026 11:41
Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување Mickoski 4
  • Економија

Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување

15/04/2026 10:54
Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза Lufanza-avioni-730x375-1 5
  • Свет

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза

15/04/2026 07:26

Можеби сте пропуштиле

20260415134942_big_730x400_21
  • Ракомет

Словенецот Котар потпиша за Еурофарм Пелистер

Шеталиште 15/04/2026 14:16
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

Шеталиште 15/04/2026 13:01
VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани