Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Годинава 46 нови случаи на ХИВ позитивни во Македонија, повеќето од нив се мажи

admin 19/11/2023 00:00
ХИВ-фото

Со намалувањето на ковид пандемијата и зголемувањето на тестирањата за сексуално преносливи болести, на Инфективната клиника последниве години биле забележани 40 до 50 нови случаи на позитивни пациенти на ХИВ вирусот. Таа бројка расте и годинава, со откриени 46 нови ХИВ позитивни, од кои повеќето се од машката популација. Се променил и трендот на ХИВ инфицирани, годинава. Од доминантно во минатото кај хомосексуалците, сега кај хетеросексуалните мажи, вели д-р- Велимир Савески.

За 2023 година имаме 46 нови случаи на ХИВ, од кои 41 случај се на редовен антивирусен третман. Она што сакам овде да го кажам клучно, е дека 1/3 скоро од пациентите се откриени во доцна фаза на болеста. Тоа е она што за кај нас е поразително. И овој факт генерално е предизвик за многу голем број европски земји, вели д-р Велимир Савески од Инфективната клиника.
За разлика од женската популација која е многу поотворена за проблемите со сексуалното и репродуктивното здравје зашто посетува матични гинеколози, мажите се многу позатворени на оваа тема. Затоа е потребна едукација, велат од Асоцијацијата „ Хера“.

Информациите и фактите велат дека 36% од младите кои што се сексуално активни не користат заштита, не користат кондоми, вели Весна Матевска, програмска раководителка во „ Хера“.
Во ноември, како месец за грижа за машкото здравје, „ Хера“ се приклучува кон Европската недела на тестирање за ХИВ и за други сексуално преносливи инфекции. А, мотото на кампањата е „ Грижи се за себе“.

Секое трето лице во земјава кое што е ХИВ позитивно, фактите велат дека не е свесно за својот ХИВ позитивен статус. Токму заради тоа, поттикнуваме, мотивираме, мажите и момчињата да се тестираат за ХИВ и дополнително да добијат бесплатни тестови , пакет услуги за Сифелис, Гонореа и Кламидија, вели Матевска од „ Хера“.
Според доктор Савески, доколку се открие ХИВ во рана фаза , со примање терапија пациентот ќе има квалитетен живот. Во спротивно , може да добие СИДА и да заврши на Интензивна нега. Тој апелира државата да ги нормализира тестирањата и лекарските прегледи.

Бесплатното тестирање за ХИВ и други сексуално преносливи болести во „ Хера“ ќе се одвива од 20 до 26 ноември, со закажување во нивните младински центри на телефонскиот број 02/ 3176-950. А, тестирања се вршат и на Инфективната клиника, чија амбуланта за потребите на пациентите има психолог и социјален работник.

Continue Reading

Претходно: Расчистени три тешки кражби во битолско, тројцата крадци ги признале делата, одземеното ќе биде вратено на сопствениците
Следно: Доларот се лизна надолу, сега е најслаб во однос на кинескиот јуан

Поврзани вести

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 1
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 2
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 3
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации cestitka-vmro 4
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34
Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава Gordana-Siljanovska-Davkova 5
  • Вести
  • Македонија

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава

08/09/2026 08:31

Можеби сте пропуштиле

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
cestitka-vmro
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

Шеталиште 08/09/2026 08:34

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани