Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Годината традиционално почна со Новогодишниот концерт во Виена- спој на музика, балет и гламур

admin 02/01/2024 00:00
kolku-chini-bilet-za-vienskiot-novogodishen-koncert-199125

Виенската филхармонија во салата „Музикферајн“ (дом на Виенската филхармонија) го одржа својот традиционален новогодишен концерт на 1 јануари, со бројни гости од целиот свет во салата, а се пренесуваше во над 90 земји пред милионски аудиториум . Со овој омилен празничен настан за светската публика диригираше славниот германски диригент Кристијан Тилеман. Тилеман ужива особено блиско и продуктивно уметничко партнерство со Виенската филхармонија. По 2019 година, ова беше втор пат тој да диригира со престижниот настан на кој беа изведени многу дела од богатиот опус на браќата Штраус и премиерно дело – Квадрилот на Антон Брукнер, во чест на 200 години од неговото раѓање.

Златната сала „Музикферајн“ беше украсена со 30 илјади цвеќиња од Одделот за паркови и градина на Виена.

Утринскиот Новогодишен концерт од Виенската филхармонија чиј директен пренос секоја година го врши МТВ, е навистина прекрасен настан за почеток на новата година, кој традиционално се одржува од 1939-та година и е нешто што ни го разубавува почетокот на новата година веќе долго време, барем откако се пренесува на телевизиите. Концертот нестрпливо го очекуваат дури и оние кои не се големи љубители на класичната музика и знаат да заплескаат на традиционалниот завршеток во ритамот на Маршот Радецки од Јохан Штраус, кој за првпат е изведен во 1945 година, а по неколку години станува задолжителен дел од бисот и крајот на концертот.

И годинава, повторно бевме сведоци на новогодишните разгледници во вид на прекрасни балетски точки, кореографија и костимографија- спој на класичното и модерното и чудесните зелени градини и замоци во близина на Виена, како сценографија, во изведба на Виенската државна опера и балет.

Престиж е да се биде дел од публиката, анонимни и славни гости од политичкиот живот, а на дел од нив не им е проблем и стоечки да го проследат гала настанот, за чии влезнци се чека по три години.

Continue Reading

Претходно: Македонски планинари „Први на Први“ на Пелистер
Следно: Стартуваат законските измени: Странските фирми мора да имаат даночен застапник за ДДВ

Поврзани вести

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани