Прилеп инфо

Голема полициска акција утринава во Прилеп: се вршат претреси на повеќе локации

Во Прилеп денеска се спроведува широка полициска акција, при што се вршат претреси на повеќе места низ градот. Акцијата се реализира по налог на надлежните институции и е поврзана со сомневања за евентуални злоупотреби во рамки на Општата болница со проширена дејност.

Освен во самата установа, претреси се вршат и во неколку приватни домови на лица за кои постои сомнение дека се поврзани со случајот.

Повеќе информации за акцијата се очекуваат во текот на денот пренесува Алфа.

Поврзани новости